Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Скопјанец лани заработил 4 милиони евра – тоа е најголемиот доход пријавен во УЈП за 2021 година

admin 27/02/2023 00:00
paridenari10-1

Скопјанец за една година од плати направил бруто-приход од 2 милиони евра, друг скопјанец по разни основи заработил 4 милиони евра, пензионер „инкасирал“940.000 евра, скопјанец од авторски права заработил 357.000 евра….

Највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена на граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122,3 милиони денари (околу 2 милиони евра). Ова значи дека месечниот износ на бруто-платата е 166.000 евра. Ако се земе предвид дека придонеси за пензиско и здравствено осигурување не се плаќа на целиот износ, туку дека горниот лимит е 12 просечни плати, и ако се додаде данокот на личен доход од 10 проценти, јасно е дека и нето-платата е огромна, некаде околу 150.000 евра.

Овој и други податоци во врска со реализираните приходи во 2021 година и платениот данок на личен доход за 2021 година ги презентираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Според податоците, најмногу пари во 2021 година спечалил скопјанец, тој по разни основи пријавил бруто-заработка од 4 милиони евра, пензионер за една година „инкасирал“940.000 евра, скопјанец од авторски права заработил 357.000 евра…

– За календарската 2021 година, Управата за јавни приходи изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава за 788.643 граѓани. Овие лица искажале годишен бруто-доход од близу 366,6 милијарди денари во пријавите (6 милијарди евра, н.з), а пресметаниот данок на личен доход е во износ од 22,3 милијарди денари (над 362 милиони евра, н.з.) – рече Лукаревска и појасни дека и приходот и данокот е поголем отколку во 2021 година.

Велешанец добил дивиденда од 3,3 милиони евра
Лукаревска откри и дека највисока бруто-заработка за 2021 година, по разни основи е 4 милиони евра. Со овој износ скопјанец се наоѓа на врвот на списокот по приходи, но со сличен износ има уште еден скопјанец, додека на третото место е велешанец, кој остварил бруто-доход од 3,4 милиони евра.

Меѓу 10-те граѓани со најголем бруто-доход всушност се шестмина скопјани, еден велешанец, еден стружанец и двајца од Тетово. Последниот на списокот од десеттемина што заработиле најмногу пари во 2021 година е со годишен доход од 2,4 милиони евра.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милиони денари (околу 2 милиони евра) на годишно ниво и доходот е остварен во странство.

Највисоката капитална добивка во 2021 година е 2,1 милион евра, а е остварена од граѓанин на Скопје од продажба на удел во трговско друштво, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 3,3 милиони евра е исплатена на граѓанин на Велес од исплатувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутун.

Од издавање деловен простор заработил 600.000 евра
Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп на деловен простор, околу 600.000 евра, покажуваат податоците на УЈП.

Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 357.000 евра, а по основ на права од индустриска сопственост исто така „шампион“ е граѓанин на Скопје, кој остварил бруто-доход од околу 890.000 евра.

Најбогатиот пензионер, пак, за една година добил 940 илјади евра, секако, пензиите се од странство.

Од игри на среќа добил речиси 700.000 евра
Според податоците на УЈП, по основ игри на среќа на скопјанец му се исплатени 41,1 милиони денари (околу 700.000 евра) од Државната лотарија, а второрангираниот, кој е исто така од Скопје, остварил добивка од игри на среќа главно од обложувалници во износ од 31,3 милиони денари (околу 500.000 евра). Податоците се за цела 2021 година.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (27.02.2023)
Следно: Од полноќ нови цени на горивата

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани