Гувернерот на Народната банка на Северна Македонија, Трајко Славески, во интервју за Њузмакс Балканс откри дека е во тек постапка за оценка на понуда за преземање на Стопанска банка Битола од страна на српската Алта банка.
„Интензивно се прибира документација, се комуницира со заинтересираниот странски инвеститор и очекуваме изјаснување и од Комисијата за хартии од вредност“, изјави Славески.
Алта Гроуп веќе е присутна на пазарот во Србија, каде што поседува банка лиценцирана од страна на Народната банка на Србија и нуди широк спектар на услуги во доменот на платниот промет. Доколку се одобри преземањето, ова ќе претставува значаен чекор во регионалното проширување на групацијата.
Извор: Newsmax Balkans
Фото: Википедија

