НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Следниот петок е голем празник: Големиот светец се празнува по Богојавление – ова се верувањата

Православните христијани на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Свети Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Црквата утврдила овој празник да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Тоа е затоа што главната служба на Свети Јован, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи

Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот и според улогата на Крстител за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот.

Се одликувал со толку голема морална чистота што попрво можел да биде нарекуван ангел отколку смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да го покаже оној за кој прорекувал.

Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен.

Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко ги критикувал неморалот, лагите, развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв.

Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан карактер. Овој наследил некои особини од татко си, па ја избркал својата законита жена и живеел незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип.

Јован отворено и пред целиот народ го прекорувал и го разобличувал за тоа, па Ирод го затворил. Во една прилика Ирод приредил гозба во својот дворец. Ќерката на Иродијада, Саломија, го восхитила Ирод со својата страсна игра на гозбата, така што овој замаен од пиењето и ветил се што ќе посака.

Саломија, поучена од мајка си, која не можела да му го прости јавното разобличување на Јована, ја побарала главата на пророкот. Ирод наредил и Јован бил обезглавен. Иродијада продолжила да се изживува над мртвата Јованова глава и го избодела неговиот јазик со игли.

Подоцна еден дворски слуга чесно ја закопал главата на Свети Јован Крстител.

Поврзани новости