Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше подготовките за дуелите од Светското првенство против Словачка. Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров покрај за Словачка, зборуваше и за нашиот последен бараж против Фарски острови.
– Имаме почит кон селекцијата на Словачка, имаат селектор од Шпанија, земја која ги дава најдобрите тренери во речиси сите спортови. Од минатиот бараж со Фарски острови, научивме дека секој гол е важен, особено на гостински терен. Мора да имаме ритам сите 60 минути. Играат во Прешов, град познат по ракометот. Имаат изграден систем, немаат поединци да се истакнат, ама како тим функционираат добро. Нема да биде воопшто лесно, свесни сме за тоа. Треба да ги почитуваме нив, но и играчите кои доаѓаат да го бранат националниот дрес. Првата задача ни е Прешов, каде што очекувам цврст и физички натпревар со многу прекини. Потоа на реваншот во Скопје очекувам максимална поддршка и полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“, изјави македонскиот селектор.
Првиот натпревар се игра на 14.мај (четврток) во Прешов во 19 часот, а реваншот е на 17.мај (недела) во Скопје./

