Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести

Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно

admin 24/12/2024 00:00
trbntnzmv2mooqml1itt

Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и Србија.

Снегот и ветерот предизвикуваат големи проблеми на хрватските патишта, а според најавите на метеоролозите, до крајот на денот се очекуваат уште посериозни временски непогоди.

Поради ветерот и наносите снег, за сообраќај се затворени автопатот А1 Загреб-Плоче-Караматичи меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје, а во прекин се некои фериботски и катамарански линии, извести утрово Хрватскиот авто-клуб (ХАК) .

Обиколницата е дозволена само за патнички возила по рутата: Свети Рок-DC50 Грачац-Обровац-Карин-Смиљчиќ-јазол Задар исток и наплатната станица Горња Плоча.

Снегот, кој постојано паѓа од вчера, го отежнува сообраќајот и во поголемиот дел од Босна, додека во Херцеговина коловозите се влажни. БиХАМК посебно предупредува на делниците преку планинските премини, каде што има набиен снег на патиштата, и потсетува дека за товарни возила е задолжително користење синџири на овие делници.

Поради снежното невреме, сообраќајот е целосно запрен меѓу четири општини во југозападна Босна, како и на граничниот премин кон Хрватска во Изачиќ, извести синоќа Автомото сојузот на БиХ. Службите предупредуваат на нови снежни врнежи што дополнително можат да го отежнат сообраќајот.

Во делови од Херцеговина, снежните наноси, поттикнати од силниот ветер, значително го попречуваат сообраќајот. На делниците Посушје – Томиславград и Посушје – Блидиње, на товарните возила им е забранет сообраќајот.

Известено е и за честа појава на диви коњи на патот преку планинскиот премин Борово Глава меѓу Шуица и Ливно, што дополнително ја зголемува опасноста во сообраќајот.

Надлежните апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патиштата и да користат зимска опрема, вклучувајќи синџири на тешките делници.

Метеоролошките прогнози најавуваат продолжување на снежните врнежи, па се очекува ситуацијата на патиштата дополнително да се влоши. Надлежните служби интензивно работат на расчистување и обезбедување проодност, но возачите се советуваат да избегнуваат патувања освен во итни случаи.

Во поголемиот дел од Србија, снегот паѓа од вчера попладне, со најголема количина во Бачка, Срем и Белград. Најинтензивни снежни врнежи се очекуваат на западот на земјата, каде што е во сила црвен метео-аларм. Во планинските предели се прогнозира до половина метар снег.

Автопатиштата и другите државни патишта од прва категорија се проодни, но во делови од Белград утринава сообраќајот е отежнат.

Денеска во Србија ќе биде облачно со снег, со зголемување на висината на снежната покривка. Навечер се очекува намалување на интензитетот на врнежите, а снегот ќе премине во дожд во Војводина, како и во Белград и централна Србија.

Најинтензивните снежни врнежи се прогнозирани во Мачванскиот, Колубарскиот, Златиборскиот, Рашкиот и Моравачкиот округ, каде што во пониските предели се очекуваат 20-40 сантиметри снег, а на планините над 50 сантиметри.

Во Црна Гора, учесниците во сообраќајот денеска ги очекуваат влажни и лизгави патишта, со намалена видливост. Во северните и делумно централните региони се забележани снежни врнежи. На патиштата во повисоките предели и преку премините е можен мраз. Чести се и ситни одрони на делниците што минуваат низ стрмни карпи.

Возачите се советуваат на претпазливо возење и почитување на сообраќајните правила. Според Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, на север ќе биде претежно облачно со слаб снег и невреме со ветер и снег.

Continue Reading

Претходно: Уште два дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите
Следно: КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Преп. Данил Столпник, син единец што му се посвети на Бог

Поврзани вести

enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата Granica-768x432-1 1
  • Македонија

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

09/10/2026 07:06
Според народните верувања – жените денес треба да ги избегнуваат овие работи, голем светец славиме! jovan-bogoslov-780x470 2
  • Македонија

Според народните верувања – жените денес треба да ги избегнуваат овие работи, голем светец славиме!

09/10/2026 06:16
Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори nafta-1 3
  • Економија

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори

09/10/2026 05:59
Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога дождот ќе премине во снег sneg-sapka1-700x394-2 4
  • Македонија

Доаѓа снег во Македонија: УХМР откри кога дождот ќе премине во снег

09/10/2026 05:58
Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото) enis-bardi-instagram 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

09/10/2026 05:06

Можеби сте пропуштиле

Granica-768x432-1
  • Македонија

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Шеталиште 09/10/2026 07:06
20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
jovan-bogoslov-780x470
  • Македонија

Според народните верувања – жените денес треба да ги избегнуваат овие работи, голем светец славиме!

Шеталиште 09/10/2026 06:16
nafta-1
  • Економија

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори

Шеталиште 09/10/2026 05:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани