Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Снежни непогоди и заглавени возила: Спасувачки операции и проблеми со патиштата во Маврово и околината

admin 03/12/2024 00:00
sapka-sneg_original

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, се примени поголем број на повици, најчесто за неисчистени патни правци и заглавени патнички возила во селата Никифорово, Врбен, Маврово, Пожаране и Леуново, како последица на снежните врнежи што го зафатија регионот.

Најголем дел од пријавите беа за Мавровскиот регион каде што снежната покривка е со висина на места и до 80 сантиметри.

Во текот на вчерашниот ден, екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и од Општина Маврово – Ростуше беа ангажирани на чистење на регионалните, а и локалните патни правци, со цел создавање на услови за да се нормализира сообраќајот и заглавените лица кои за викендот беа дојдени во мавровскиот реон да можат безбедно да се вратат во своите домови. Се работело на расчистување на патните правци до селата Врбен и Леуново и до околу 17.00 часот успешно беа пробиени патните делници и сообраќајот сега до горенаведените села е прооден и се одвива отежнато, во зимски услови и со задолжителна употреба на ланци.

Примен е повик од семејство од Кочани кои беа заглавени во с.Леуново, а со нив и дете кое боледува од епилепсија и на кое му беше неопходна терапија која ја немале со себе. Истите се извлечени од селото и во 17.00 часот се вратени во Кочани во добра општа состојба.

Во текот на денот е примен и повик од заглавена бремена жена во с.Врбен. Во координација со Општина Маврово-Ростуше, на местото беше испратен трактор којшто возејќи пред автомобилот со големи напори успеа да го извлече возилото до безбедна локација по што истото се упати кон својот дом.

Добиена е информација од семејства заглавени во с.Никифорово. Истите известуваат дека машина ангажирана од општината дошла до селото во 18.00 часот и тие со сопствените возила се пробивале до пристапниот пат за да се упатат до своите домови.

Примени се повици од граѓани со заглавени патнички возила и во координација со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и Општина Маврово Ростуше на истите им е помогнато со цел да го продолжат патот до своите дестинации.

Примен е повик од лице кое се наоѓа во викендица во с.Леуново, на локација над Хотел Радика, кој е со сопругата кој цело време е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја. Во координација со ПС Маврово и Итна Медицинска Помош Гостивар, истите беа на лице место, но поради висина на снежна покривка од околу 1 метар, не се во можност истата да јa пренесат до амбулантното возило. Лицето поседува и агрегат за струја, во случај да снема.

Во координација со одговорното лице од ЕЛС Маврово Ростуше договорено е денес околу 09.30 часот да се интервенира во чистење на делницата од 100 – 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар.

Во 21.28 часот, на 112 добиена е пријава во врска сo заглавени три моторни возила со десетина возрасни лица. Луѓето тргнале од село Никифорово и се заглавени еден км пред село Леуново. Во разговор со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, добиле известување дека се повлечени од терен и немаат доволно гориво за да се интервенира. Исто така и од ЕЛС Маврово-Ростуше известиле дека се повлечени. Од ПС Маврово извести дека имало една „скип“ машина од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но истата била во дефект и доколку се санира дефектот, ќе се потрудат да излезат пак на терен. За овој настан известени се и ДЗС Гостивар и Тетово.

Во Општина Желино, во текот на денот, од страна на приватна фирма ангажирана Општина Желино, е исчистен патот до с.Луковица околу 13.00 часот.

Continue Reading

Претходно: Истекува рокот за возачките дозволи, граѓаните да ги обноват за да не се создадат гужви, апелира МВР
Следно: Рецепт за „тигар“ торта готова за само 15 минути: Десерт без печење

Поврзани вести

fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04 1
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

12/06/2026 07:39
Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо fjC5B-oblacno-1 2
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

12/06/2026 07:37
Законот за оружје пред пратениците 53488 3
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

12/06/2026 07:37
Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник image-253611 4
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

12/06/2026 07:21
Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео) 102937829 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Светското првенство: Мексико ја совлада Јужна Африка, Јужна Кореја се врати од негативата и ја победи Чешка (Видео)

12/06/2026 05:53

Можеби сте пропуштиле

Strait_of_Hormuz_MODIS_2020-12-04
  • Свет

Нова ескалација во Ормускиот теснец: Иран наводно лансирал дронови кон трговски бродови

Шеталиште 12/06/2026 07:39
fjC5B-oblacno-1
  • Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Шеталиште 12/06/2026 07:37
53488
  • Македонија

Законот за оружје пред пратениците

Шеталиште 12/06/2026 07:37
image-253611
  • Македонија

Денеска се слави Преподобен Исакиј Исповедник

Шеталиште 12/06/2026 07:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани