Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

Шеталиште 27/06/2025 11:57
Stefan Andonovski

Собранието денеска на 58. седница донесе четири закони за дигитална трансформација од реформската агенда. Изгласани се Законот за електронските комуникации, Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Законот за архивски материјал и архивска дејност.

Со носењето на овие закони, во согласност со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан, Македонија добива пристап до повеќе од 19 милиони евра, од кои 5,7 милиони евра се наменети како директна буџетска подршка.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски се заблагодари за поддршката од Собранието за организираните четири јавни расправи за законите, истакнувајќи дека со нив ќе се забрза процесот на дигитална трансформација и се усогласуваме со европското законодавство. – Пионери сме во реализацијата на реформската агенда, покажуваме максимални резултати во тоа што си го зададовме како задача и сме  пример во поширокиот регион како може да се применуваат европските директиви во нашиот закон. Сега одиме во вториот чекор во нивна целосна реализација, рече Андоновски.

Со Законот за безбедност на мрежни и информациски системи првпат во државава се воспоставува законска рамка за регулирање на сајбер безбедноста и претставува важна стратешка определба која според ресорниот министер носи јасна порака за одговорност, зрелост и визија во областа на дигиталната безбедност.

– Формираме два тима за брз одговор на компјутерски инциденти, два ЦИРТА, едниот јавен, а едниот за Владата. Поттикнуваме соработка, а не изолација затоа што покажуваме мрежна поврзаност преку националниот координатор за сајбер безбедност, рече Андоновски на последната јавна расправа.

Со Законот за електронските комуникации се прави значаен исчекор кон дигиталната иднина, усогласувајќи ја домашната регулатива со Европскиот законик за електронски комуникации и Директивата 2018/1972 и најновата регулатива за гигабитна инфраструктура. Овој закон, според Андоновски, носи подобрување на квалитетот на услугите, ги заштитува потрошувачите, ги унапредува универзалните услуги, ги рационализаира и поедноставува инфраструктурните изградби и поставува јасна регулаторна улога на Агенцијата за електронски комуникациии.

Со измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се продолжува дигиталната трансформација  што ја нуди ЗЕК во насока на воведување на дигитален паричник.  – Овој  паричник значи електронски идентитет за граѓаните на сигурна, унифицирана и прекугранична призната алатка која ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите безбеден пристап до јавни и приватни електронски услуги, појасни министерот за дигитална трансформација.

Со Законот за измени и дополнувања на архивски материјал и архивска дејност, пак, како што рече, се поставуваат цврсти темели за модерна и дигитално  ориентирана архива која ќе овозможи ефикасност, транспаретно и законски  усогласено управување со службената документација и архивскиот материјал во државата. Го регулира целиот процес на создавање, обработка, заштита, чување на архивскиот материјал.

Собранието денеска го донесе и Законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, исто така со европско знаменце. Со него се уредува начинот на ставање во употреба, одржување и користење на техничка опрема за транспорт (лифтови, жичари, дигалки и транспортери), условите кои треба да ги исполнуваат монтажерите, сервисерите и независните правни лица кои вршат технички прегледи и периодични испитувања на техничката опрема за транспорт (лифтови, жичари, дигалки и транспортери), како и надлежноста на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија и труд  во однос на инспекцискиот надзор врз техничката опрема за транспорт.

Собранието продолжи со дебата по Предлог законот за вработените во јавниот сектор, во прво читање, кој заедно со Предлог на законот за административни службеници и Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, исто така се дел од реформската агенда.

Фото: Принт скрин 

Continue Reading

Претходно: Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот на ЕУ за раст за регионот
Следно: „Либеро Бенд” на 3 јули со настап во Голд Фелициа во Битола

Поврзани вести

20260814110215_big_730x400_34
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Шеталиште 14/08/2026 09:55
baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 1
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56
Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации 20260814110215_big_730x400_34 2
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

14/08/2026 09:55
Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд baner_opstina 3
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

14/08/2026 09:00
Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните sovet-opstina-bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

14/08/2026 08:54
Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ DSCF8819_resized 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

14/08/2026 08:50

Можеби сте пропуштиле

20260814104056_big_730x400_47
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

Шеталиште 14/08/2026 09:56
20260814110215_big_730x400_34
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Шеталиште 14/08/2026 09:55
baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани