Првите зголемени суми, корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки издадени во периодот јануари – март 2023 година
Повратот на Данокот на додадена вредност на граѓаните со скенирање фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ се зголемува од 1 800 на 2 100 денари за еден квартал.
Пратениците попладнево ги изгласаа законските измени со кои се зголемува лимитот, а за веста на социјалните мрежи извести и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Владата ги подготви законските измени во декември.