Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Собранието ќе ја одржи 121. седница, на дневен ред именување на вицегувернер на НБМ и усогласувања со Законот за високи раководители

Шеталиште 02/09/2026 07:05
Sobranie

Собранието денеска ќе ја започне 121 седница на која на дневен ред се ставени 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлог-национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високите раководители.

Пратениците треба да гласаат за именување на Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Народната Банка имаше распишано јавен оглас за испразнетото место на вицегувернер.

На дневен ред на седницата се ратификациите на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната. Се очекува на натамошно читање да биде даден Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, а ќе биде расправано и за Предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година.

Народните избраници треба да гласаат и за Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

На дневен ред се и повеќе закони по скратена постапка со кои се вршат усогласувања со Законот за високи раководители. Станува збор за измените и дополнувањата на
Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за државната статистика, на Законот за Царинската управа, на Законот за јавните набавки, на Законот за метрологијата, на Законот за стоковните резерви, на Законот за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за Управата за јавни приходи, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за Централен регистар, на Законот за здравственото осигурување, на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, на Законот за безбедност на храната,
на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Законот за Регистар на задолжително социјално осигурување, на Законот за класифицирани информации,
на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, на Законот за вештачење, на Законот за катастар на недвижности, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за рамномерен регионален развој, на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, на Законот за управување со кризи, на Законот за заштита и спасување, на Законот сигурност во железничкиот систем, на Законот за управната инспекција, на Законот за архивски материјал и архивска дејност, на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за административни службеници, на Законот за животната средина, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за инспекцијата на труд, на Законот за извршување на санкциите и на Законот за внатрешната пловидба.

Собранието треба да го разгледа и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
Следно: Денеска се слави Светиот пророк Самуил

Поврзани вести

policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Шеталиште 11/09/2026 07:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани