Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

Шеталиште 07/10/2026 06:59
Zgrada-na-Sobranieto

Собранието денеска ќе ја одржи 125. седница, на чиј дневен ред се 25 точки, меѓу кои повеќе законски предлози од областа на јавната администрација, високото образование, животната средина, јавните набавки и работните односи.

Пратениците во второ читање ќе расправаат за Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, како и за Дополнетиот предлог-закон за државната ревизија. Во второ читање е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.

На дневен ред се и повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за домување, високи раководители, административни службеници, вработените во јавниот сектор, платите и надоместоците на избраните и именуваните лица, шумите, како и Законот за субвенциониран студентски оброк.

Во прво читање ќе бидат разгледани предложените измени и дополнувања на законите за јавните набавки, животната средина, надворешните работи, данокот на личен доход, заштитата на децата, државните награди, минималната плата и работните односи, како и Предлог-законот за заштита на критична цивилна инфраструктура.

Пред пратениците ќе се најдат и Предлог Националната програма за високото образование со предлог-мерки и Предлог Националната програма за научно-истражувачка дејност со предлог-мерки.

На дневен ред се и предлог-одлуки за изменување и дополнување на составот на собраниските комисии, за распишување јавен оглас за избор на членови на Советот за граѓански надзор, како и за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Continue Reading

Претходно: Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола
Следно: Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Поврзани вести

stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Од 1 декември нови правила за боледување: Матичниот лекар ќе одобрува само пет дена без дополнителни наоди

Шеталиште 09/11/2026 09:25
Zemjodelie
  • Македонија

Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата

Шеталиште 09/11/2026 09:18
banka salter
  • Македонија

Од денес се менува начинот на плаќање во банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

Шеталиште 09/11/2026 08:47
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја 17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje 1
  • Свет

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја

09/11/2026 09:27
Од 1 декември нови правила за боледување: Матичниот лекар ќе одобрува само пет дена без дополнителни наоди stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Од 1 декември нови правила за боледување: Матичниот лекар ќе одобрува само пет дена без дополнителни наоди

09/11/2026 09:25
Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата Zemjodelie 3
  • Македонија

Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата

09/11/2026 09:18
Од денес се менува начинот на плаќање во банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите? banka salter 4
  • Македонија

Од денес се менува начинот на плаќање во банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

09/11/2026 08:47
Пад на цените на нафтата во светот – што ќе одлучи РКЕ? nis_piu_motorno_gorivo1-1 5
  • Економија

Пад на цените на нафтата во светот – што ќе одлучи РКЕ?

09/11/2026 08:42

Можеби сте пропуштиле

20261109104549_big_730x400_14
  • Рецепти

Посна крем чорба

Шеталиште 09/11/2026 10:19
17431119-01-2026elektriceniaparatzapolnenje
  • Свет

Во Европа електричен бум – продадени милиони нови автомобили на струја

Шеталиште 09/11/2026 09:27
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Од 1 декември нови правила за боледување: Матичниот лекар ќе одобрува само пет дена без дополнителни наоди

Шеталиште 09/11/2026 09:25
Zemjodelie
  • Македонија

Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата

Шеталиште 09/11/2026 09:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани