Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Собранието ќе ја продолжи 121. седница, на дневен ред над 40 законски измени

Шеталиште 03/09/2026 07:12
sobranie

 Собранието денеска ќе ја продолжи 121. седница, на чиј дневен ред се Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година и поголем пакет законски измени по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат предлозите на законите за пензиското и инвалидското осигурување, задолжителните нафтени резерви, за Геолошкиот завод на Република Македонија, Фондот за осигурување на депозити, Државната статистика, Царинската управа, јавните набавки, метрологијата, стоковните резерви и за основање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

На дневен ред се и законските измени што се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, индустриската сопственост, заштитата од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, технолошко-индустриските развојни зони, лековите и медицинските средства, Централниот регистар, здравственото осигурување, како и за основање на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Законот за безбедност на храната.

Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на законите за урбанистичко планирање, за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Регистарот на задолжително социјално осигурување, класифицираните информации, Државниот инспекторат за локална самоуправа, вештачењето, катастарот на недвижности, управувањето со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, рамномерниот регионален развој и стручното усовршување и обука на административните службеници.

На агендата се и законите за управување со кризи, заштита и спасување, сигурност во железничкиот систем, управната инспекција, архивскиот материјал и архивската дејност, здравјето на растенијата, административните службеници, животната средина, инспекцискиот надзор, Државниот инспекторат за земјоделство, употребата на македонскиот јазик, инспекцијата на труд, извршувањето на санкциите и внатрешната пловидба.

Во рамки на седницата треба да биде разгледан и Предлог-законот за дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Продолжението на 121. седница е закажано за 14 часот во салата „Македонија“ во Собранието.

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Следно: Од октомври, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

Каде има најмногу заболени од западнонилска треска – преглед по општини

Шеталиште 11/09/2026 07:34
jovankrstitel
  • Македонија

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

Шеталиште 11/09/2026 07:17
text___max_1433_807
  • Македонија

Од 2027 година задолжителна е-фактура: УЈП ќе ги следи трансакциите во реално време

Шеталиште 11/09/2026 07:16
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Каде има најмногу заболени од западнонилска треска – преглед по општини Komarec 1
  • Македонија

Каде има најмногу заболени од западнонилска треска – преглед по општини

11/09/2026 07:34
Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител jovankrstitel 2
  • Македонија

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

11/09/2026 07:17
Од 2027 година задолжителна е-фактура: УЈП ќе ги следи трансакциите во реално време text___max_1433_807 3
  • Македонија

Од 2027 година задолжителна е-фактура: УЈП ќе ги следи трансакциите во реално време

11/09/2026 07:16
Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати bogdanci-pozar-1-1068x601-1 4
  • Македонија

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати

11/09/2026 07:13
Сончево и топло време денес, викендов промена со дожд и пад на температурите sonce-1 5
  • Македонија

Сончево и топло време денес, викендов промена со дожд и пад на температурите

11/09/2026 07:10

Можеби сте пропуштиле

Komarec
  • Македонија

Каде има најмногу заболени од западнонилска треска – преглед по општини

Шеталиште 11/09/2026 07:34
jovankrstitel
  • Македонија

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител

Шеталиште 11/09/2026 07:17
text___max_1433_807
  • Македонија

Од 2027 година задолжителна е-фактура: УЈП ќе ги следи трансакциите во реално време

Шеталиште 11/09/2026 07:16
bogdanci-pozar-1-1068x601-1
  • Македонија

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати

Шеталиште 11/09/2026 07:13

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани