Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Технологија

Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци

Шеталиште 10/11/2025 14:50
Chatgpt

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“.

Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, користењето вештачка интелигенција носи и одредени опасности за приватноста. Според „Њујорк пост“ (New York Post) и Џенифер Кинг, стручњак во Институтот за ВИ „Стенфорд“, сè што внесувате во четботот може да стане јавно.

– Така ја губите сопственоста врз тие податоци, вели Кинг.

Затоа е важно да се следат неколку основни правила при разговор со четбот. Како што „Опен-АИ“ и „Гугл“ советуваат, за ако користите ВИ, следат пет работи што никогаш не треба да ги споделувате со четботовите.

Лични, возачки и здравствени информации

Никогаш не се споделуваат лични податоци коишто би можеле да го откријат Вашиот идентитет, како што е број на лична карта, возачка дозвола, пасош, датум на раѓање, адреса или телефонски број. Иако некои четботови се обидуваат да идентификуваат и отстранат чувствителни податоци, најдобро е целосно да се избегнува тоа. Целта, според „Опен-АИ“, е ВИ-моделите да учат за светот, а не за поединци.

Здравствени податоци

Тие податоци се заштитени со законите за приватност, но четботовите, општо земено, немаат таква заштита. Доколку барате од „Чет-ГПТ“ да толкува медицински наоди, Кинг советува прво дигитално да го исечете и уредите документот, оставајќи ги така само резултатите од тестот, без личните информации.

Финансиски информации

Никогаш не се споделува број на банкарска сметка, инвестиции или други финансиски податоци, бидејќи хакерите можат да ги злоупотребат и да ги користат за пристап до Вашите пари.

Лозинки

Иако може да изгледа погодно да споделувате кориснички имиња и лозинки со четбот за одредени задачи, тој не може да ја гарантира безбедноста на Вашите сметки и профили.

Податоци за клиентите

Ако користите „Чет-ГПТ“ или слични четботови за деловни цели, на пр. за пишување е-порака или уредување документи – постои ризик ненамерно да откриете податоци за клиентите или деловни тајни. Некои компании користат свои, затворени верзии на ВИ-системи, или имаат поставено дополнителни безбедносни мерки за заштита на податоците.

Ако сакате да користите чет-бот без да ја загрозите својата приватност, стручњаците советуваат и користење силни лозинки, повеќефакторска автентикација и редовно бришење на историјата на разговор. Некои компании, како американската „Антропик“ (Anthropic), наведуваат дека податоците избришани од платформата – трајно се бришат по 30 дена. Иако вештачката интелигенција може да олесни многу задачи, секогаш следете ги основните правила за приватност, за да се избегнат сите можни закани и опасности.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: ВРЕДИ: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
Следно: УНЕСКО препорача италијанската кујна да биде дел од Списокот на светско наследство

Поврзани вести

astronauti
  • Живот
  • Технологија

Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

Шеталиште 06/04/2026 14:38
Close up on running shoes Fitness women training and jogging
  • Живот
  • Здравје

Истражувања: Вишокот килограми може „да се отпешачат“, до одреден степен

Шеталиште 06/04/2026 14:36
chat-gpt-pexels-1068x712
  • Живот
  • Технологија

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак

Шеталиште 16/03/2026 17:35
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп policija-8 1
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

17/04/2026 09:38
Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак 3policija-420x240-138854-1 2
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

17/04/2026 09:35
Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години 360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683 3
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

17/04/2026 07:27
Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи sv._petka_-_istochen_petok_balaklija_kraj_h._belvi_5.jpg-696x1044 4
  • Македонија

Денес се празнува Источен Петок или Балаклија, ден посветен на прославувањето на Пресвета Богородица – единствениот петок кога се блажи

17/04/2026 07:22
Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран nafta-1 5
  • Свет

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

17/04/2026 07:20

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Прилеп инфо

Две лица приведени по нарушување на јавниот ред и мир во Прилеп

Шеталиште 17/04/2026 09:38
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

Битолчанец ја нападнал својата мајка – во друг случај тешко повреден пешак

Шеталиште 17/04/2026 09:35
360_f_1035544333_wo0q1e9ks15e5vczoafqkjdb204godbn-1024x683
  • Свет

Шефот на ИЕА предупредува: последиците од војната со Иран ќе се чувствуваат со години

Шеталиште 17/04/2026 07:27
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.04.2026)

Шеталиште 17/04/2026 07:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани