Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Живот
  • Здравје

Совети за непријатностите со никнувањето заби кај бебињата

Шеталиште 08/08/2025 14:11
Bebe

Нервозата за време на оброците и тешкотиите со заспивањето се вообичаени знаци на никнувањето заби, коешто е голем чекор во оралниот развој на детето. Тоа е развојна фаза којашто може да биде предизвикувачка и за бебињата и за родителите, но со соодветен третман, може полесно да се помине… Како што истакнуваат стручњаците за „Тудеј’с перент“ (Today’s Parent), никнувањето на забите обично почнува на возраст меѓу четири и осум месеци, но тоа време може да варира. И, иако тоа е пресвртница во развојот, педијатарот д-р Акаш Синха се согласува оти самиот процес може да биде непријатен.

– Бебињата стануваат многу пребирливи, а понекогаш и губат интерес за храната, а сѐ тоа се нормални и тешки промени за родителите. Никнувањето заби е процес во којшто млечните заби конечно се пробиваат низ непцата. Никнувањето, така, може да предизвика блага болка и непријатност. Исто така, може да ги направи бебињата раздразливи или немирни, што често доведува до зачестено плачење и нарушен сон, истакнува д-р Синха.

Затоа, родителот треба да биде смирен и трпелив.

Времето кога ќе никнат првите заби кај бебето, е под влијание на голем број фактори, вклучувајќи ја и семејната историја, генетика, исхрана, родилна тежина и тоа – дали малечкото е родено во терминот. Симптомите на никнување заби понекогаш може да се помешаат со знаци на настинка. Најчестите знаци вклучуваат раздразливост (но не на кожата), кашлање, гризење, блага треска, триење на образите и влечење на ушите.

– По правило, никнувањето заби кај бебињата почнува со двата долни централни секачи. Тоа се оние што им помагаат на бебињата да почнат да ја гризаат храната, вели педијатарот д-р Кери Хронис.

Забите доаѓаат во двојки, а варијациите се нормални и очекувани, бидејќи секое бебе се развива со свое темпо. Постојат многу безбедни начини да се ублажи непријатноста, на пр. ладен прстен за гризење, џвакање на ладна, влажна крпа, но и други, меки, силиконски играчки што и се предвидени за гризење.

Во случаи ако бебето е необично поспано, одбива храна и течности, или ако непцата му се многу отечени и крварат – треба да се јавите кај лекар.

Continue Reading

Претходно: Совети за очниот притисок и негово регулирање
Следно: 6 традиционални јадења што мораш да ги пробаш ова лето во Битола

Поврзани вести

lovestori
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Македонија
  • Свет

Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Димитар Петковски 16/05/2026 09:49
featured-vietnamese-chicken-and-rice
  • Здравје

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Шеталиште 14/05/2026 11:30
Вовлекување-стомак
  • Здравје

Ракот кај младите расте, вишокот килограми е дел од индикаторите

Шеталиште 29/04/2026 11:02
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“ stefan-andonovski 1
  • Вести
  • Македонија

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“

07/06/2026 07:27
СДСМ го одржува 32. Конгрес Kongres-sdsm 2
  • Вести
  • Македонија

СДСМ го одржува 32. Конгрес

07/06/2026 07:23
Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме sonce-1 3
  • Вести
  • Македонија

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме

07/06/2026 07:22
Денес Охрид е домаќин на 10-то јубилејното издание на „Охрид трчат“, најмасовната спортска манифестација во градот (Фото) 53370859686_d984e7a9b2_b 4
  • Вести
  • Останати
  • Регион
  • Спорт

Денес Охрид е домаќин на 10-то јубилејното издание на „Охрид трчат“, најмасовната спортска манифестација во градот (Фото)

07/06/2026 06:10
Женската репрезентација на Македонија славеше на гости во Андора 998765 5
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Женската репрезентација на Македонија славеше на гости во Андора

06/06/2026 19:50

Можеби сте пропуштиле

goran-shevcenko
  • Спорт
  • Останати

Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места

Шеталиште 07/06/2026 07:30
Luis-Hamilton
  • Спорт
  • Останати

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне

Шеталиште 07/06/2026 07:28
stefan-andonovski
  • Вести
  • Македонија

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“

Шеталиште 07/06/2026 07:27
Leao-Roman
  • Спорт
  • Фудбал

Леао и Роман исклучени по меѓусебно кошкање на натпреварот Португалија – Чиле

Шеталиште 07/06/2026 07:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани