Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Совети за самобендисани личности и како да се надмине тој проблем?

Шеталиште 01/07/2025 13:05
Samobendisanost

Луѓето, кои мислат пред сѐ на себе, често ги користат овие 12 реченици и изрази, без да го осознаат тоа. Самобендисаните или, модерно наречени „самоапсорбирани“ личности се оние кои „прекумерно“ си се сакаат себеси и, се чини, сè и сенешто, секогаш го пренасочуваат кон своите мисли, потреби и чувства. Група психолози говорат за таа појава во интервју за „Парејд“ (Parade).

– Да се ​​биде „самоапсорбиран“ не е исто со „самоуверен“ или „самосвесен“. Напротив, тоа одразува поглед навнатре што го отежнува сочувството, слушањето или покажувањето интерес за она низ што минува некој друг. Тешко е да се биде самосвесен за самоапсорбираното однесување, затоа што самиот начин на размислување ја блокира способноста да се види тоа надворешно, нагласува д-р Санам Хафиз, психолог и невропсихолог.

Според  тоа, самобендисаното однесување честопати е вкоренето во несигурност и страв и може да биде тешко да се препознае кај себе.

Сепак, разбирањето на вообичаените реченици што самобендисаните луѓе несвесно ги користат – може да ја зголеми нивната свесност и да им помогне да се вклучат и вклопат во околината. Следат 12-те непотребни реченици коишто треба да се исфрлат од секојдневниот речник.

1. „Не, не можеме да го правиме тоа, затоа што не ми одговара.“ Иако ова може да има и некои предности, психологот Бренди Смит посочува некои суптилни, но битни проблеми.

– Нема ништо лошо во делумно вклучување на оваа реченица како одговор на предложен план, но да се претпостави дека групна активност не може да се случи само затоа што не сте достапни – е проблематично, освен ако тоа не е настан во Ваша чест. Значи, да им кажеш на колегите дека апсолутно не можат да излезат в петок попладне, затоа што имате свадба на којашто ти треба да присуствуваш – е неправедно, појаснува д-р Смит.

2. „Знам точно како се чувствуваш – да ти раскажам како ми се случи мене.“ Луѓето често ја користат оваа фраза со добри намери, според Ернесто Лира де ла Роса – доктор на науки, психолог и советник за медиуми.

– Иако може да изгледа како начин за поврзување, ова ја поместува насоката подалеку од емоциите на другата личност. Клиентите со кои сум работел понекогаш го прават ова ненамерно кога им е непријатно да седат со болката на друга личност. Тоа е повеќе начин да се сврти приказната кон себе, отколку да се понуди поддршка, вели д-р Де ла Роса.

3. „Доста говоревме за тебе – знаеш ли што ми се случи?“ Психологот Британи Мекгијан вели дека со ваквото прашање сигурно ќе ги иритирате луѓето на погрешен начин.

– Дури и ако само се шегувате, тоа укажува на недостаток на реципрочно внимание. Дури и кога е кажано во смеа, открива „шема“ на пренасочување на разговорите кон сопствените приказни, вели Мекгијан.

4. „Не направив ништо за да го заслужам тоа однесување!“ Оваа изјава може да биде точна, но вреди да се размисли дали можеби сте придонеле за тоа однесување (особено ако некој ви посочи дека го кажувате тоа постојано).

– Ова е пример за самобендисаноста кога некој не успева да го признае својот придонес во настанатата состојба. Не е в ред, на пр., да пристигнеш 20 минути подоцна на нешто и да се вознемириш ако некој друг веќе не може да се сретне со тебе и треба да ја презакаже средбата, вели д-р Смит.

5. „Не разбирам зошто тоа е толку голема работа.“ Вистинскиот одговор: Тоа може да биде дел од проблемот.

– Наместо да бараш разбирање, ова укажува дека оудуваш и ти недостаува љубопитност за емоционално-безбедните катчиња на другите. Нема разјаснувачки прашања, емпатија или љубопитност – тоа се работи што би очекувале да ги видиме во здрав разговор. Напротив, тоа (прашање) само веднаш го запира разговорот, појасни д-р Мекгијан.

6. „Претеруваш!“ Ова е типично зборче што самобендисаните лица често го кажуваат…

– Ова е многу чест начин да се поништи нечие искуство и да се пренасочи работата кон себе. Тоа имплицира дека нивното толкување не е валидно и делотворно го насочува разговорот во која било насока што таа личност ќе ја избере, додаде Мекгијан.

7. „Како некој може да размислува поинаку?“ Различни луѓе носат различни искуства и перспективи, коешто, обично е и позитивно. Сепак, самобендисаните луѓе може да имаат тешкотии да ги видат нештата на кој било начин освен на својот.

– Оваа фраза значи дека тие имаат многу тесен поглед на светот. Исто така, тоа посочува дека нивните сопствени мисли се норма и тешко е и да се помисли дека погледите на некој друг се подеднакво важни, вели д-р Хафиз.

8. „Само сум искрен.“

– Користењето на искреноста како изговор за да се биде лоша личност, исто така, покажува недостаток на емпатија, како и знаци на самовљубеност… Тоа често се користи за оправдување на директни или невнимателни забелешки, оваа забелешка ја претставува нечувствителноста како доблест. Тоа му дава приоритет на самоизразувањето пред влијанието врз односите. А, тоа пак, е вообичаено кај самовљубената личност, посочи д-р Мекгијан.

Д-р Де ла Роса се согласува и ги потврди нејзините зборови.

– Ова фраза ја слушам многу на терапија, кога некој ќе каже нешто навредливо. Искреноста без сочувство може да ја маскира самобендисаноста. Кога си навистина свесен за другите, внимаваме да бидеме и искрени и љубезни, вели тој.

9. „Е па, не се чувствувам така.“ Според д-р Хафиз, себичноста и ароганцијата во оваа реченица говори не само за самовљубеност, туку и за груба незаинтересираност и бесувствителност.

– Наместо поготвено да чуеш за она што другата личност го чувствува, ти се сосредоточуваш на своите чувства, честопати прекинувајќи ја подлабоката смисла, поврзаност или разбирање, предупредува таа.

10. „Луѓето секогаш ми љубоморат.“

– Сигурен ли си за тоа? Оваа изјава претпоставува дека другите постојано се насочени на таа личност. Тоа, повторно, е белег на самовљубеност. Покажува ограничена способност да ги види другите луѓе како независни од својата приказна, објасни д-р Хафиз.

Де ла Роса додава дека поединците кои често ја користат оваа реченица, често се склони кон одбранбен став и вообичаено имаат „пренадуени“ мислења за себе.

11. „Немам време за драматизирање.“ Ова звучи „јако“ и моќно… Но сепак, може да биде прилично ладно во одредени случаи.

– Ова ги отфрла емоционалните потреби и предизвиците на другите, кажувајќи им дека се неважни или прекумерни. Обично, го слушам ова кога некој ќе побара поддршка од пријател, а тој пријател е премногу егоцентричен за да ѝ дозволи простор на друга личност, објасни Мекгијан.

Уште повеќе, таа вели дека оваа реченица „додава и вкус на осудување“, преку зборот „драма“.

12. „Па, еве што би направил јас.“ Мекгијан вели дека и на оваа честа реченица ѝ недостасува емпатија и нагласката е на начинот на размислување на егоцентричната личност.

– Честопати, тоа го минимизира искуството на соговорникот, во корист на прикажување на својата замислена супериорност или решителност, истакна таа.

Како да ја надминеме самобендисаноста?

Советите на психолозите велат: Мислете за другите, покажете интерес, вежбајте разговор и активно слушање, поставувајте повеќе дополнителни прашања… И, бидете ранливи.

– Не е лесно да се работи на самобендисано однесување и во ред е да го искажете тоа дека се обидувате. Со тоа што сте отворени и искрени со вашите блиски пријатели – на кои им верувате дека нема да го искористат тоа како оружје против вас – го практикувате токму она што е недоволно развиено за вас – ранливоста, вели д-р Мекгијан.

За почеток, тоа ќе укаже на свесноста за проблемот, а истовремено, блиските ќе почнат да го сметаат „дотогаш проблематичниот човек“ за одговорна личност.

Фото: Пиксабеј

Continue Reading

Претходно: Регионалната BPO сцена доби нов играч во ABSL семејството
Следно: Кенет Брана меѓу ѕвездите на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“

Поврзани вести

Pretty bride with flowers
  • Забава
  • Занимливости

Девојка од Хрватска објави оглас за венчаница, и стана хит

Шеталиште 16/02/2026 15:13
Mladenci
  • Забава
  • Занимливости

Младенци предизвикаа бурни реакции: Гостите мораа да платат 75 долари доколку сакаат да присуствуваат на свадба

Шеталиште 16/02/2026 15:10
Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (14.02.2026)

Шеталиште 14/02/2026 17:13
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите Grcija-zname-tviter-1 1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

18/02/2026 14:18
Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години 20260218142536_big_730x400_59 2
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

18/02/2026 13:55
Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година FB_IMG_1771407291514 3
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

18/02/2026 09:38
На Попова Шапка 97 сантиметри снег 20260218084212_big_730x400_83 4
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

18/02/2026 07:52
Денес се празнува Светата маченичка Агатија sv-agatija 5
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

18/02/2026 07:48

Можеби сте пропуштиле

Grcija-zname-tviter-1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

Шеталиште 18/02/2026 14:18
20260218142536_big_730x400_59
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Шеталиште 18/02/2026 13:55
FB_IMG_1771407291514
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

Шеталиште 18/02/2026 09:38
20260218090011_big_730x400_88
  • Останати

ЗОИ 2026: На пет дена до крајот, Норвешка убедлив лидер по освоени медали

Шеталиште 18/02/2026 08:06

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани