Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Интервју

Совети од физиотерапевт: Како да го зачуваме здравјето во модерниот начин на живот

Шеталиште 04/04/2026 06:01
E77B53D9-5627-4D06-8B2A-7D229094409F

Во време кога седењето, стресот и брзиот начин на живот се’ повеќе го нарушуваат нашето здравје, потребата од правилна грижа за телото станува поважна од кога било. Болките во грбот, вратот и мускулите веќе не се проблем само на повозрасните, туку се’ почесто се појавуваат и кај младите.

Токму на овие актуелни теми разговараме со познатиот физиотерапевт од Битола, Илија Жежов, кој за читателите на веб-сајтот Шеталиште споделува корисни совети за превенција, третман и одржување на здраво и активно тело.

Во продолжение, прочитајте го интервјуто и дознајте како со мали промени можете да направите голема разлика за сопственото здравје.

Шеталиште: Илија, кои се најчестите здравствени проблеми со кои денес се соочуваат граѓаните поради модерниот начин на живот?

Илија Жежов: Поради модерниот начин на живот и порадите паметните телефони мајмногу проблеми се јавуваат кај помладите генерации како што се скозиола, лордоза, кифоза и други дегенеративни проблеми. Додека кај повозрасните поради слаба физичка активност најчесто се појавуваат здраствени проблеми како што се спондилоза, дископатија дискусхернија, ишијас, болки во зглобовите и други. Затоа е добро да се следат препораките и превентивните мерки од физиотерапевтот кој се наменети за вежбање како и превенцијата за физикална терапија кој е клучен сегмент за здравјето. Добро е често да се посетува физиотерапевт и да се прават физиотерапевски прегледи се со цел да се спречат овие настанати проблеми и да се подобрат работите за подобар функционален живот.

Шеталиште: Колку долгото седење и користењето мобилни уреди влијаат врз ‘рбетот и целокупното здравје?

Илија Жежов: Канцелариската работа, долгото седење и слабата физичка активност се најголемите причинители за појавување на дегенеративните проблеми со рбетот. Тука најчесто настануваат и сите здраствени пробели и токму од тука започнува потребата луѓето да се јават на физиотерапевт. Добро е луѓето редовно да ги следат препораките за физичка активност како и да се посветат на сопственото здравје како за физичното така и за менталното здравје.

Шеталиште: Кога е вистинскиот момент да се побара помош од физиотерапевт. Дали при прва болка или подоцна?

Илија Жежов: Со навремените превентивни прегледи ќе се спречи појавата од посериозен проблем. Во акутна состојба најчесто се дава медикаментизна терапија за да се смири воспалението, а по 2 до 3 дена започнува рехабилитација која ја спроведува физиотерапевтот по план и програма. Секој проблем е индивидуален и истиот бара одреден временски период за решавање доколку навреме се открие проблемот рехабилитацијата ќе ни даде побрзи резултати во лекувањето, доколку пак проблемот е манифестиран подолд временски период лекувањето трае  подолго до 21 ден,а обемот на терапии физиотерапевтот може и да ги зголеми и повеќе.

Шеталиште: Кои се најчестите грешки што луѓето ги прават кога чувствуваат болка во грбот или вратот?

Илија Жежов: Најчести грешки кои луѓето ги праваат се тоа што посегнуваат по медикаментозна терапија без да се консултираат со лекар или физиотерапевт. Затоа апелираме редовно да ги следите стручните препораки. Со следењето на здавствените препораки ќе дојдете до вистинско и стручно лекување.

Шеталиште: Ишијасот се’ почесто се јавува и кај млади. Што е главната причина за тоа и како да се превенира?

Илија Жежов: Како што споменавме во горе наведениот текст една од причините за појавување на ишијасот е проблемот со L4-L5 од каде и што потекнува проблемот за воспалителен процес на нервус ишијадикус. Тука исто така спаѓа нередовната физичка активност, зголемената телесна тежина како и појавата на одредени болки кој укажуваат дека постои проблем и истиот бара соодветен стручен третман и лекување.

Шеталиште: Сколиозата кај децата е се’ почеста. На што треба да внимаваат родителите и како да ја препознаат навреме?

Илија Жежов: Со редовните физиотерапевски прегледи физиотерапевтот ги утврдува настанатите проблеми и подготвува стручна програма за вежби и масажи. Ја следи состојбата на искривувањето се со цел да се постигне крајниот ефект кон соодветно решение. Се дава работна терапија во домашни услови: вежби, пливање како и одредена физичка активност која ќе донесе позитивни резултати токму на оваа проблематика.

Шеталиште: Кои физички активности ги препорачувате за одржување на здраво тело и колку често треба да се практикуваат?

Илија Жежов: Секоја физичка активност за телето е добредојдена но најмногу помага пешачењето, возењето велосипед, како и во домашни услови-статичен велосипед, кошарка, фудбал, пливање, гимнастика, а еден од најважните спортови за духот душата и телото е токму планинарењето. За кои од наведените спортови да се одлучите останува на вас, а може и комбинација од повеќе спортови.

Шеталиште: Од кои спортови најчесто доаѓаат повреди и како правилно да се заштитиме?

Илија Жежов: Најмногу повреди се појавуваат кај спортистите поради погрешно вежбање во теретана, недоволното загревање како и претераното оптеретување на мускулниот тонус, неправилен распоред на муслулни партиски вежби и дигање на поголема тежина без заштитен појас и внимание. Затоа се препорачува при секоја физичка активност да се консултирате со дипломирам професор по физичко образобание-тренер, лекар или физиотерапевт. Токму овие три лица се идеално решение за вашиот почеток да го стартувате планот кој што сте го зацртале.

Шеталиште: Што би им порачале на луѓето кои велат дека „немаат време“ за физичка активност и грижа за своето здравје?

Илија Жежов: Најчесто луѓето кога станува збор за посветување на своето здравје имаат триста изговори но немаат изговор да направат нокти, фризури, депилација, корекции на веѓи, трепки и слично. Или пак поголем дел од времето да го поминат за непотребни работи како што се седење на телефони, компјутери и трач рубрика. Како долгогодишен стручен физиотерапевт апелирам да се зголеми свеста и сериозно да се сфати потребата и времето за здравјето и да се започне со одредена физичка активност која ќе ни донесе големи бенефиции на целокупното здравје. На крајот од сето ова физичката активност до 90% помага да го исфрлите стресот во вас.

Ви благодариме што ги прочитавте сите наведени стручни совети и се надеваме дека во иднина ќе имате корист од нив. Како ваш стручен физиотерапевт сум секогаш тука да одговорам стручно и професионално на вашите прашања.

Continue Reading

Претходно: Секуловски пред мечот во Тетово: Респект за Шкендија, но одиме по позитивен резултат во Тетово
Следно: ГРК Охрид денес во распродадената „Билјанини Извори“, посакува верификација на полуфиналето против олимпијакос

Поврзани вести

NASLOVNA 653A0044
  • Промо
  • Интервју

Новата архитектура на капиталот, од институции кон доверба

Шеталиште 02/04/2026 13:01
Iva-Kacarska
  • Интервју

Баланс наместо забрани – Ива Кацарска за здравото слабеење без екстреми

Шеталиште 01/03/2026 08:41
WEBIART - NASLOVNA
  • Интервју

8 години, 8 прашања: Анатомија на дигиталната креативност со Webiart

Шеталиште 03/02/2026 08:38
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани