Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за локален дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне од 29 до 37 степени, а во Скопје до 35 степени.
За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време, со температури над 30 степени, а наместа и до 39 степени. Во вторник се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, додека во среда ќе има благо заладување и нестабилно време со дожд и грмежи.

