Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а попладне на одделни места се очекуваат пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 Целзиусови степени, а максималните дневни ќе достигнат од 21 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

