АМСМ известува дека сообраќајот на регионалната сообраќајница Прилеп – Македонски Брод, во близина на селото Мажучиште, од 16:40 часот се одвива наизменично. Возилата се пропуштаат по една коловозна лента.
Причина за ова е сообраќајна несреќа поради која овој дел од патот беше целосно блокиран од 14:35 часот. Во тој период, возилата беа пренасочувани по помошен, земјен пат.
„Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод кај с. Мажучиште од 16:40 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, односно по едната коловозна лента“, информира АМСМ.

