Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Соопштение за јавност од АД ЕСМ и ЕСМ Молика

Шеталиште 26/03/2026 12:35
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 90

Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење  биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола.

Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презело превентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините.

Според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81 лице, при што најголемиот дел се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување. Ова укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.

Дополнително, важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми.

Во однос на затворањето на кујната, станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.

Имено, Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната.

Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка  и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви.

Наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.

Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди.

Политичките партии да се воздржат  од шпекулации со кои се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени  додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да ги утврдат причините.

АД ЕСМ

ЕСМ Молика

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Енергетската состојба е стабилна, обезбедени јаглен, гас и извоз на струја
Следно: Германецот Фин во битолско друштво пристигна во Копенхаген да ја подржи Македонија (Видео)

Поврзани вести

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 3
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40
АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден jajca 4
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

16/04/2026 09:39
Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали dsc_0759-1536x1108 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

16/04/2026 07:12

Можеби сте пропуштиле

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15
nikoloski-660x500
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

Шеталиште 16/04/2026 09:40
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани