Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Соопштение на РК Алкалоид: Поднесовме жалба до РФМ, поради скандалозното судење на Божиновски и Начевски!

Димитар Петковски 15/03/2026 07:07
Screenshot_20260315_081202_Facebook

 

Дербито во ракометната Суперлига меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид заврши без победник (27-27) вчера, но по натпреварот имаше реакции од таборот на гостинскиот состав од Автокоманда. Меѓудругото РК Алкалоид поднесе официјална жалба за скандалозното судење на натпреварот против ГРК Охрид.

Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација на Македонија е поднесена официјална жалба поради сериозните судиски пропусти и крајно неконзистентното судење на натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Алкалоид, одигран на 14 март 2026 година во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на второто коло од плејофот во македонската Суперлига, кој заврши со нерешен резултат 27-27.

Станува збор за натпревар од исклучително значење во плејоф фазата, дерби кое имаше резултатска тежина, натпреварувачки набој и големо влијание врз понатамошниот тек на првенството. Токму затоа, ваквите натпревари бараат највисок степен на професионалност, концентрација, интегритет и изедначен критериум во судењето.

РК Алкалоид смета дека на овој натпревар беше драстично оштетен од одлуките на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски, чие судење, според клубот, беше лошо во текот на целиот натпревар, со невоедначен критериум, различен пристап во идентични ситуации и со повеќе спорни одлуки што директно влијаеја врз ритамот на играта, психолошката стабилност на тимот и конечниот резултат.

„Дерби натпреварот во Охрид беше со сите карактеристики на дерби меч, во кој движењето на резултатот во текот на сите 60 минути беше во рамки на еден до два гола разлика. Натпреварот можеше да биде резултатски прекршен во кој било период од играта, а тоа особено се однесува на финишот. Сметаме дека РК Алкалоид е драстично оштетен со катастрофалното судење на судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Судењето беше лошо во текот на целиот меч, критериумите не беа изедначени, а во неколку наврати беа донесени одлуки на штета на РК Алкалоид за кои сметаме дека директно влијаеја на конечниот исход на дербито“, изјави претседателот на клубот, Горан Минов.

РК Алкалоид очекува Ракометната федерација на Македонија без одлагање, детално, стручно и одговорно да ја разгледа поднесената жалба и да утврди дали на овој натпревар биле исполнети основните критериуми за фер, објективно и непристрасно судење. Апелираме до надлежните да постапат професионално, одговорно и без калкулации.

РК Алкалоид и во иднина ќе продолжи да ги користи сите дозволени и легитимни механизми за заштита на своите права, интереси и спортскиот интегритет на клубот. – стои во соопштението на РК Алкалоид.

Continue Reading

Претходно: ФК Пелистер со клупско соопштение се обрати на јавноста
Следно: Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Поврзани вести

FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
FB_IMG_1791098665935
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

„Конзулите“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мали Лошињ во Хрватска

Димитар Петковски 04/10/2026 09:02
img_3947-1536x1150
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на нации: Македонија 11-ти меч без победа, загуби и од Шкотска во Скопје

Димитар Петковски 03/10/2026 22:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 1
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 2
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53
Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето foka-jona-780x470 3
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

05/10/2026 06:20
Иранскиот министер за нафта поднесе оставка iran-zname 4
  • Свет

Иранскиот министер за нафта поднесе оставка

05/10/2026 05:59
Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови zname-2-640x427-107237-316064-1 5
  • Македонија

Ќе се менува Законот за празниците? – Комората со предлози за помалку неработни денови

05/10/2026 05:56

Можеби сте пропуштиле

image (11)
  • Занимливости

Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари

Шеталиште 05/10/2026 08:04
japonija-660x500
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

Шеталиште 05/10/2026 07:57
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
20261005092440_big_730x400_43
  • Рецепти

Здрави колачи

Шеталиште 05/10/2026 07:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани