Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Шеталиште 06/07/2025 09:20
vmro-dpmne

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот за градоначалник на Градот Скопје на претстојните локални избори.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани  се, како што вели, на историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник  на  Скопје, а за која и тој се споменуваше,  Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него.

– Најдобро е да почекаме до недела, точно е, во 12 и 30 нашата партија ВМРО ДПМНЕ има закажано состанок на ИК. И очекувано е да се соопшти името за градот Скопје. Не само за Орце Ѓорѓиевски, туку и за кој било кандидат којшто ќе биде поддржан од мојата партија, пред се, тоа е огромна чест и ќе ја има мојата целосна поддршка. Не само во насока на спроведување на програмата, туку и  во кампањскиот период којшто ќе не очекува во очи на локалните избори, рече Перински.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница одржана на 28 мај  утврди 25 кандидати за градоначалници кои ќе ја претставуваат партијата на претстојните локални избори закажани за октомври, а во средината јуни беа соопштени уште осуммина.

За нов мандат, од досега најавените, се предложени актуелните градоначалници на Битола – Тони Коњановски, Кавадарци – Митко Јанчев, Охрид – Кирил Пецаков, Велес –  Марко Колев, Штип – Иван Јорданов и на Гевгелија – Андон Сарамандов. Во скопските општини со повторна кандидатура ќе настапат Дејан Митески во Аеродром, Дарко Костовски во Бутел и Александар Стојкоски во Ѓорче Петров.

Во првите 25 кандидати соопштени на крајот на мај се: Зоран Бајовски во Чучер-Сандево, Дејан Владев во Свети Николе, Виктор Паунов во Карбинци, Киро Нацков во Градско, Коста Маневски во Зелениково, Александар Ѓоргиевски во Илинден, Златко Ристов во Конче, Иван Гоцевски во Делчево, Ѓорге Божинов во Ново Село, Славе Андонов во Василево, Ристо Манчев во Босилово, Петар Ружински во Берово, Борче Митевски во Петровец, Спасе Кочовски во Вевчани, Јовица Илиевски во Брвеница и Димитар Костадиновски во Јегуновце.

На седница на  Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 13 јуни одржана во Штип, партијата определи уште осум кандидати за градоначалници во осум општини за локалните избори:  Македонски Брод – Жарко Ристески, Могила – Драганчо Саботковски, Пробиштип – Тони Тоневски, Богданци – Марјан Пеев, Демир Капија  – Наталија Димитриева, Росоман – Ѓорѓи Крстевски, Новаци – Стевче Стевановски и Дебарца – Златко Силјановски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој тогаш ги соопши имињата, најави дека најголемиот број на кандидати ќе ги објават до крајот на јули, а за одредени општини ќе зависи и од договорот со партијата ЗНАМ.

Continue Reading

Претходно: Многу топло и денеска, владините препораки за заштита ќе траат до вторник, пад на температурите од среда
Следно: Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет

Поврзани вести

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани