Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Состојбата е стабилизирана и може да се зборува за економски раст, порача Мицкоски од Прилеп

Шеталиште 26/06/2025 05:54
FB_IMG_1750878730962

Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година, и притоа соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени две мерки за самовработување.

– Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесува содружници кои се до 29 години. На овој начин ќе обезбедиме поддршка на приватната иницијатива и потикнувам што повеќе луѓе ова да го искористат – рече премиерот Мицкоски.

Со втората мерка Вработување и раст на правни субјекти се предвидува да се опфатат 1720 лица, каде при вработување на млади лица предвидена е највисока сума во износ од 250.000 денари. Мицкоски притоа потсети дека во изминатата година откако тој ја презема Владата отворени се нови 15.000 работни места.

Мицкоски истакна дека состојбата е конечно стабилизирана и дека може да се зборува за економски раст.

– Не почнавме од нула, почнавме од минус, рече Мицкоски, додавајќи дека разбира дека очекувањата се се повисоки. Вели дека треба трпеливо и чесно да се продолжи да се работи, како и дека најдоброто допрва ќе се случи.Оваа година, како што рече Мицкоски, минала без ниту една афера за членовите на Владата.

Премиерот истакна дека како Влада имаат одговорност да го заштитат македонскиот идентитет и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го прави тоа.

-Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат – рече Мицкоски.

Според него, за опозицијата секогаш Македонија била понижена, тоа е нивната слика и нивната идеја, тоа е нивниот слоган. – За нас секогаш Македонија била света работа, горда, исправена и нашата борба е таа да биде повторно ваша – рече тој.

Прмиерот Мицкоски ги нагласи достигнувањата на неговата Влада изминатата година. -Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес.Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Од купување на трговски центри, соварии, до работа на експресен пат за Прилеп и автопат за Битола. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност – рече Мицкоски.

Посочи на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, но и дека се обезбедивме на 500 милиони евра поддршка на компаниите за реализација на инвестициски циклус и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.

– Обезбедивме раст од БДП 3,2%. Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП. Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување 4,7 процентни поени во однос на БДП. Буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП. Платите растат, повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција и култура. Целосно е отплатена Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра – рече премиерот.

Како што посочи, направено е намалување на царинските стапки за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер, 120 нови електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk, признавање на електронските документи како целосно валидни, а државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи.

– Се подготвува издавање во електронска форма личната карта и возачка дозвола и се спроведе забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. И она што е важно за Прилеп, обезбедивме и исплативме над 9 милијарди денари субвенции за земјоделците. По претходно спроведена постапка обезбедени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха. Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм – рече Мицкоски во Прилеп.

Најави, како што кажа, нова ера во Македонија, која ќе стане земја на можности, на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее.

Не ветува брзи решенија, затоа што вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Секој ден на напредок, додава, е победа.

-Оваа година беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на Македонија допрва доаѓа – рече Мицкоски.

На трибината во Прилеп зборуваа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за дигитална трансформацијат Стефан Андоновски, директоркат на УЈП Елена Петрова и пратеникот Бојан Стојановски.

Continue Reading

Претходно: Тинејџер од Македонија се удави во Грција
Следно: Меркур влегува во Лав на 26 јуни – време за храброст и самодоверба

Поврзани вести

FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
3policija-420x240-138854-1
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

Шеталиште 13/08/2026 11:41
policija-8
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Шеталиште 13/08/2026 08:20
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани