Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Софија Златареска од Прилеп првонаградена на меѓународниот натпревар „Хипо 2023“

admin 11/04/2023 00:00
sofija-so-nastavnickata-522x696-1

Во рамките на меѓународниот натпревар „Хипо 2023“ (Hippo 2023), кој го нарекуваат и Олимпијада по англиски јазик, на првото одмерување на силите во новоформираната категоријата есеи, ученичката од 5-1 одделение Софија Златареска, под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, го направи гордо училиштето „Климент Охридски“ од Прилеп. Таа го освои првото место во нејзината категорија, а со овој успех училиштето се вброи меѓу најдобрите во светот. Успешната приказна на Софија ќе се најде во првата книга со творбите на сите годинашни учесници, која ќе биде издадена наскоро, за да им користи на учениците и на наставниците како наставно средство.
Златаревска вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не ѝ било првпат да биде учесничка на „Хипо“, но првпат освојува награда.
– Првата година кога учествував не влегов во полуфинале само за половина поен. Сепак не се обесхрабрив и си реков дека додека не успеам, нема да престанам да учествувам. Оваа година повторно не влегов во полуфинале за еден и пол бод и бев малку тажна, но кога дознав дека сум првонаградена за мојот есеј, бев среќна – вели Софија Златареска.
Нејзината менторка, наставничката Зорица Трајаноска, е особено горда на овој успех на Златаревска, а првите луѓе на училиштето истакнуваат дека нивните ученици се вистински амбасадори, не само на училиштето туку и на градот Прилеп и на цела Македонија.

– Со сите овие награди на светско ниво, ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп докажува дека е вистински расадник за млади таленти што одлично го познаваат англискиот јазик. Исто така постигнатиот успех е доказ дека имаме висококвалитетен кадар – изјави Ахил Јаков, директор на ООУ „Климент Охридски“.
Учениците од ООУ „Климент Охридски“ ги собраа речиси сите награди и на општинскиот натпревар по англиски што се одржа пред три недели.
Но ова не е крај на постигнатите резултати, бидејќи нивните ученици продолжуваат да редат успеси на натпреварот „Хипо“. Во полуфинале на меѓународниот натпревар по англиски јазик се постигнати значајни успеси во неколку категории.
Во „Литл хипо“ (Little Hippo) продолжуваат учениците Илин Десоски, Таиса Штаргоска, Мила Димеска и Никола Талевски; во „Хипо 1“ продолжуваат учениците Јана Иваноска, Теа Бурнеска, Сара Илиоска, Деа Оропан и Анастасија Јагуриноска; во „Хипо 2“ продолжуваат Вања Ѓорѓиоски, Марија Димоска и Јоана Талеска; а во „Хипо 3“ ќе се натпреваруваат учениците Матеа Ацевска и Андреј Пејоски.

Continue Reading

Претходно: Денеска повторно облачно, но потопло време
Следно: Вечерва концерт на Страшо Темков во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Поврзани вести

policija-8
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Шеталиште 13/08/2026 08:20
Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска 769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375 1
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

13/08/2026 09:38
Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август 20260813094834_big_730x400_61 2
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

13/08/2026 09:09
Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година 20260813092004_big_730x400_99 3
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

13/08/2026 09:04
Денеска се слави Свети Евдоким Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

13/08/2026 08:23
Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени nevreme 5
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

13/08/2026 08:22

Можеби сте пропуштиле

769345826_1366700785595177_7310704352979507219_n-750x375
  • Битола инфо

Општина Битола: Дополнителна дезинсекција против комарци поради зголемениот ризик од Западнонилска треска

Шеталиште 13/08/2026 09:38
Elektricen avtomobil
  • Автомобили

Германците масовно преоѓаат на електричен автомобил по конфликтот на Средниот Исток

Шеталиште 13/08/2026 09:37
20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
20260813092004_big_730x400_99
  • Свет

Евровизија воведува нови правила за државата победник во 2027 година

Шеталиште 13/08/2026 09:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани