Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Со вкрстено испитување на сведок од ФЗО продолжи судењето за „Онкологија 2“ – тврди дека Фондот нема надлежност за финансиски контроли во УКРО

Шеталиште 23/01/2026 14:08
Sudenje-Onkologija

Со вкрстено испитување на сведок, поранешен директор на Одделот за финансиско работење при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој за незаконско набавување лекови, нивно прикривање преку фиктивни тендери и присвојување дел од терапијата обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи.

На денешното рочиште сведокот одговараше на прашања од одбраната на обвинетиот Васев, адвокатите Дељо Кадиев и Боби Спирковски, поврзани со неговите работни обврски и надлежности во Фондот, како и со механизмите за финансиска контрола на здравствените установи.

На прашање на адвокатот Вељо Кадиев дали во неговиот делокруг на работа спаѓало изготвување и разгледување ревизорски извештаи, сведокот изјави дека во систематизацијата на работните места не е експлицитно наведено дека раководителот на секторот за финансиски прашања е обврзан да ги чита сите ревизорски извештаи.

– Иако тоа не беше систематизирано, сепак ги читав тие извештаи. За Фондот – апсолутно да, но за Универзитетската клиника за радиологија и онкологија (УКРО) – не, бидејќи Фондот нема надлежност, рече сведокот.

Финансиските контроли, тој појасни дека се спроведуваат согласно годишен план што го усвојува Управниот одбор на Фондот, додавајќи дека како директор на Одделот за финансиска контрола имал право да спроведува контроли, исто како и другите секторски директори и генералниот директор на ФЗО.

Одбраната се повика и на извештај на Државниот завод за ревизија од 24 јуни 2021 година, со кој, како што посочи адвокатот Кадиев, била извршена ревизија исклучиво на Фондот за здравствено осигурување. Според наводите во извештајот, Фондот не воспоставил и не спроведувал соодветни контроли кои би обезбедиле потврдување на реалноста и објективноста на фактурираните медицински интервенции и услуги реализирани од приватните здравствени установи, поради што постоел ризик од признавање и плаќање услуги кои реално не биле извршени.

– Станува збор за јавен извештај, достапен за јавноста, кој беше разгледуван и од Анкетната комисија, одговори сведокот.

На прашање на адвокатот Боби Спирковски дали утврдените системски слабости укажуваат на нефункционален финансиски систем кој постоел и пред неговото именување, сведокот изјави дека како финансиски директор бил одговорен за целокупното работење на Фондот во рамки на неговите овластувања.

– Како финансиски директор бев одговорен за координација на секторот за финансиски прашања, предлагање и корекција на буџети, следење на обврските и контрола на трошењето, не само финансиска, туку и суштинска, рече сведокот.

Во однос на планирањето и распределбата на средствата, сведокот појасни дека буџетите се „жива материја“ и дека можат да се менуваат во текот на годината. Наведе дека Фондот има можност да врши пренамена на средства во рамки на одобрениот буџет, без промена на вкупниот износ, со соодветно писмено образложение и постапка согласно надлежностите.

Сведокот истакна дека буџетските резерви се во надлежност на Министерството за финансии и дека нивното трошење не е во надлежност на Фондот. – Ние располагаме исклучиво со средствата на Фондот и со неговиот вкупен финансиски план, наведе сведокот.

Во делот за односот меѓу Министерството за здравство и Фондот, сведокот посочи дека постои потреба од планирање на сите средства што се одвојуваат за јавните здравствени установи, особено поради големиот број здравствени услуги и договори што Фондот ги склучува со јавните и приватните здравствени установи.

Рочиштето беше прекинато поради службени обврски на бранителката на обвинетиот Нехад Нухи. Судењето продолжува на 3 февруари 2026 година, кога ќе продолжи испитувањето на истиот сведок.

Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

Фото: МИА архива

Continue Reading

Претходно: Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
Следно: Случајот со апелацискиот судија не е само скандал, туку симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита, вели Филков

Поврзани вести

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации cestitka-vmro 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани