Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Со изјава кај матичен лекар, секој може да одлучи дали би ги дарувал органите по својата смрт

Шеталиште 30/06/2026 08:05
lekar

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.

Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против. Од Министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплантација во земјата. објави Скопје1.мк

Една од клучните новини е проширувањето на кругот на живи дарители, така што органи ќе можат да даруваат и сродници до четврти степен на сродство. Притоа, секој случај ќе биде разгледуван од Етичка комисија, која ќе ја утврдува доброволноста на одлуката и ќе спречува можни злоупотреби.

Дополнително, се воведува и можност граѓаните преку нов дигитален модул во системот „Мој термин“ јасно да ја изразат својата волја дали сакаат да бидат органодарители. Изјаснувањето ќе биде безбедно, со двојна верификација, а граѓаните во секое време ќе можат да ја променат или повлечат својата одлука.

Според Министерството, усвоениот закон претставува значаен чекор кон воспоставување пофункционален, поефикасен и подостоинствен систем за органодарителство и трансплантација, во интерес на пациентите и на јавното здравје.

„Министерството за здравство останува посветено на понатамошно зајакнување на трансплантацискиот систем, подигнување на јавната свест и градење доверба, затоа што органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, соопштија од Министерството за здравство. објави Скопје1.мк

Continue Reading

Претходно: Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски градови за живот
Следно: Најочекуваниот концерт ова лето е сѐ поблиску!

Поврзани вести

czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

Шеталиште 16/07/2026 08:35
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот маченик Јакинт

Шеталиште 16/07/2026 07:56
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани