Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Промо

Со НЛБ Банка, паметна наплата за модерни бизниси – Бесплатен NLB Smart POS за 50 битолски трговци

Шеталиште 16/07/2026 05:59
Visa Cashless Bitola KV 15.07.2026

Во период кога навиките на потрошувачите брзо се менуваат, а плаќањето со картичка, мобилен телефон или паметен часовник станува секојдневие за клиентите, малите бизниси сѐ повеќе имаат потреба од едноставни, достапни и современи решенија за наплата. Иднината на плаќањата е поврзана со практичност, брзина и безбедност, а прифаќањето на овие промени е од клучно значење за бизнисите и за потрошувачите.

Токму затоа, НЛБ Банка преку програмата „Вредноста на безготовинското плаќање“ во соработка со Visa, Министерството за дигитална трансформација и другите партнери од индустријата, отвора можност битолските трговци полесно да го направат следниот чекор кон дигитализација.

Во рамки на проектот, 50 микро, мали и средни претпријатија од Битола и регионот добиваат можност бесплатно да воведат современо решение за безготовинско плаќање преку НЛБ Банка. За нив тоа значи побрза наплата, помала зависност од готовина, поедноставна организација на работењето и подобро искуство за клиентите, притоа ибез дополнителен финансиски товар во почетната фаза.

Избраните бизниси ќе добијат можност да користат NLB Smart POS, односно Soft POS решение, без месечен надомест за одржување и без провизија по трансакција во период од три месеци од денот на инсталацијата. Дополнително, секој учесник ќе добие и Visa Business картичка, ослободена од годишна членарина во првите 12 месеци.

Како функционира NLB Smart POS?

NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone мобилна Android апликација со функција на ПОС терминал во земјава, една од најнапредните технологии во областа на плаќањата со картички, која на трговците им овозможува рационализиран и ефикасен пристап за управување со трансакциите и унапредување на корисничкото искуство. Користејќи NLB Smart POS трговците можат да прифаќаат плаќања со картичка без дополнителен хардвер. Апликацијата NLB Smart POS е инсталирана директно на мобилниот уред на трговецот и/или неговиот продажен персонал, а сите наплатени средства стигнуваат на сметката на трговецот. На тој начин телефонот може да прифаќа бесконтактни плаќања со платежни картички издадени од која било банка, преку мобилните апликации за плаќање Google pay, Garmin Pay и други.

Придобивки за трговците и подобрено искуство за клиентите

За сопствениците на бизниси, NLB Smart POS не е само решение за плаќање, туку целосно деловно решение на дланка. Бизнисите повеќе не се врзани за статична локација. Благодарение на можноста за бесконтактно плаќање со картичка или мобилен уред на кое било место или повеќе мобилни уреди на едно продажно место, сопствениците на бизниси ја намалуваат веројатноста за пропуштени продажби поради ограничени опции за плаќање. Спротивно на тоа, тие имаат можност да ја зголемат продажбата и профитот. Воедно, трговците имаат поголема ефикасност на трансакциите, анализа на податоците за продажба, како и оптимизација на работни процеси и унапредување на оперативната ефикасност. Дополнително, голема предност за трговците е што апликацијата е бесплатна за преземање на Play store, а воедно е и поедноставна за инсталирање и одржување за разлика од стандардниот POS терминал.

Во денешниот свет со брзо темпо, ефикасноста и брзината се од суштинско значење за задоволството на клиентите. NLB Smart POS e брз, безбеден, удобен и модерен начин за плаќање. Овие карактеристики го трансформираат процесот на плаќање од рутинска трансакција во привлечно искуство, зголемувајќи го задоволството на клиентите.

Пријавувањето за програмата е отворено до 31 август 2026 година, а заинтересираните компании можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка во Битола.

Continue Reading

Претходно: Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола
Следно: Сончево и топло со темеператури до 38 степени

Поврзани вести

7eb0cf77cc15d1e1
  • Промо

Уживајте во летото со комплетно подготвено возило

Шеталиште 06/08/2026 13:49
_-_1200_x_630
  • Промо

Август со Минт Кредит: Летото сè уште има што да понуди

Шеталиште 06/08/2026 08:09
_мintins_
  • Промо

На одмор носите сè. Освен грижите – со вистинската заштита

Шеталиште 31/07/2026 11:13
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови ispit-matura-702x336-1 1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

11/08/2026 12:08
Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија Ohrid6-1-scaled 2
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

11/08/2026 10:40
Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање c4-1024x1024 3
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

11/08/2026 10:39
ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец Screenshot_20260811_064042_Facebook 4
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

11/08/2026 07:44
Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11 Vakcinacija_deca_vo_germanija 5
  • Свет

Трамп со извршна уредба го намали бројот на препорачани вакцини за деца на 11

11/08/2026 07:36

Можеби сте пропуштиле

ispit-matura-702x336-1
  • Македонија

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Шеталиште 11/08/2026 12:08
Ohrid6-1-scaled
  • Македонија

Во јуни забележани над 113.000 туристи – од странски најмногу дошле од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Шеталиште 11/08/2026 10:40
c4-1024x1024
  • Македонија

Царината спречи шверц на 3.000 игли за тетовирање

Шеталиште 11/08/2026 10:39
Screenshot_20260811_064042_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

ГРК Тиквеш се екипира за ЕХФ Европскиот Куп, потпиша со француски интернационалец

Димитар Петковски 11/08/2026 07:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани