Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Со новиот ИСУЧР државата за првпат ќе има целосна слика кој каде е вработен и колкава плата добива

Шеталиште 07/07/2025 12:21
Goran Minchev

Министерството за јавна администрација денеска го презентираше Информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со кој за првпат во државата ќе има целосна и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива. Очекувањата се дека на единствената дигитална платформа ИСУЧР, која е целосно во државна сопственост, до 2026 година ќе се вклучат сите 1.400 институции.

Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање, целосната имплементација на ИСУЧР претставува значаен чекор кон градењето систем надвор од партиските стеги, кој ќе придонесе во градењето професионална, стабилна и отпорна администрација. Модерна држава не може да постои со застарена администрација, оцени Мицкоски и нагласи дека граѓаните очекуваат брза и ефикасна услуга, а не, како што рече, бирократски лавиринти и чекање со месеци.

– Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика – администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем, а Информациониот систем за управување со човечки ресурси е значаен чекор … Преку овој систем, за првпат државата има целосна и транспарентна слика за тоа кој е вработен, каде, по кој основ, со кои квалификации, каква плата добива и дали е заслужена … Администрацијата е лицето на државата. Ако тоа лице е неефикасно, затворено, арогантно или хаотично тогаш и довербата во државата опаѓа. Во 21-от век, клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација. Без неа, секоја реформа е осудена на половичен успех, оцени Мицкоски.

Министерот за јавна админситрација Горан Минчев, пак, ги посочи новитетите во модернизираниот Информациски систем и нагласи дека очекувањата се дека до 2026 година ќе се вклучат сите 1.400 институции во државата.

– Новитетите во рамки на овој модернизиран Информационен систем се: Воведување електронски портал за поднесување барања за овластувања и пријави на проблеми; Систематизациите на институциите ќе се одобруваат дигитално; Поедноставено внесување и ажурирање на податоци за вработените; Можност за следење на секое досие на секој вработен во јавните институции; генерирање можности за централни извештаи за годишни планови, истакна Минчев.

Во врска со вработените во јавната администрација кои не ја работат својата работа, министерот нагласи дека ќе се формира академија преку која ќе се врши едукација на постоечките вработени, со цел тие да се вклучат во процесот на работење.

– Што се однесува, пак, до оние кои не ја работат својата работа, ние правиме длабински анализи, затоа што сакаме да воспоставиме еден социјален баланс помеѓу вработените. Едно од законските решенија што утре се на собраниска пленарна седница е и формирање Академија. Во таа Академија ние сакаме да извршиме едукација или да пробаме  постоечките вработени да ги внесеме во системот односно да ги вклучиме во процесот на работење. Мора да работиш за да земаш плата, дециден беше Минчев.

Прашан дали се размислува за можноста за отпуштање вработени од јавниот сектор, тој вели дека засега „тој модел не се разгледува, бидејќи постојат повеќе пакети со отпремнина“, но додаде дека сакаат да ги стават во функција постоечките вработени“.

– За споредба, Република Словенија, која има два милиона народ, нешто слично како Македонија, има 180.000 вработени во јавниот сектор, ние имаме 130.000 вработени, што значи 50.000 повеќе. Така што, имаме институции каде што имаме дефицит на кадар, а некаде имаме превработеност. Затоа, првиот чекор е да се обидеме да ставиме се во функција и во овој момент за еден таков поголем рез не размислуваме, рече Минчев.

За тоа како државата ќе ги натера да одат на работа оние кои што земаат плата со години, а не одат на работа, Минчев рече дека се подготвени повеќе законски решенија со кои ќе се зголеми дисциплинската одговорност и во кои се предвидува опомена, оценување, казнување со 20 проценти, како и отпуштање од работа.

– Во новите законски решенија предвидуваме зголемено ниво на дисциплинска одговорност. Многу тешко, со правата кои што ги имаат вработените, можеше да се преземат било какви чекори. Тука се предвидени повеќе решенија, како што се опомена, оценување, казнување со 20 проценти и на крајот отпуштање од работа. Тој циклус на дисциплинска одговорност го упростуваме со цел да кажеме јасно дека сакаме да имаме вработени во јавната администрација кои што даваат придонес, рече Минчев.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Општина Битола објави јавен повик за учество за празнувањето на „4ти Ноември“
Следно: Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Поврзани вести

Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31
mkd-bul-1
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

Димитар Петковски 10/09/2026 09:41
ezerani
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

Шеталиште 10/09/2026 07:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола pat-prilep-bitola 1
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

10/09/2026 12:39
Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани FB_IMG_1789043869662 2
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

10/09/2026 12:38
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи Komarec 3
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

10/09/2026 10:31
ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија mkd-bul-1 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија загуби со борба и силен отпор против актуелниот светски вицешампион Бугарија

10/09/2026 09:41
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано ezerani 5
  • Македонија

Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано

10/09/2026 07:05

Можеби сте пропуштиле

696409370ea57e2f063ba93140a4ee9a
  • Култура
  • Настани

Hair-aclea 2026 – Хуманитарен концерт

Шеталиште 10/09/2026 17:46
pat-prilep-bitola
  • Прилеп инфо

Мицкоски: Преговараме за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола

Шеталиште 10/09/2026 12:39
FB_IMG_1789043869662
  • Прилеп инфо

Проданоски: Новиот погон на WIK носи до 300 работни места за прилепчани

Шеталиште 10/09/2026 12:38
Komarec
  • Македонија

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати – сите се мажи

Шеталиште 10/09/2026 10:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани