НАЈНОВО

Македонија

Со полски Лот – Летови од Варшава до Охрид во летната сезона

Полската национална авиокомпанија ЛОТ следното лето ќе воспостави сезонска линија на релацијата Варшава – Охрид. Од 24 јуни до 23 септември секој понеделник ќе има лет од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“.

Аеродромот „Радом“ се наоѓа на 110 километри од центарот на Варшава. Тоа е поранешниот воен аеродром, кој во 2015 година е пренаменет за цивилна воздушна пловидба и опслужување комерцијални летови.

Билетите за новата авионска линија се достапни за резервации преку веб-страницата на авиокомпанијата.

Поврзани новости