Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Со почит за борците Прилеп го чествува 11 октомври

admin 12/10/2023 00:00
558708-0.Basic-Pileaga

Со почит за загинатите борци и дејци, бројни делегации денеска се поклонија пред Могилата на непобедените каде се моштите на 462-ца загинати борци и пред спомениците на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ и пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, идеологот на народната Револуција. На празникот 11 Октомври, Денот на народното востание, чествувањето беше за почитта кон борците.

Народноослободителната борба резултираше со создавање македонска држава и затоа влогот на борците е голем. Саможртвата на борците не е само симболичен чин, туку и автентично сведоштво на македонскиот народ да се истрае на балканската ветрометина и да се победи фашистичкото зло, порачаа од Сојузот на борците и поддржувачите на револуционерните традиции.

-Без минато нема иднина. Мораме да ги почитуваме борците, мораме да ја почитуваме борбата, мораме да го почтуваме влогот кој го дале тие за самостојна, независна Република Македонија. Само така ќе одиме кон европскиот пат на Македонија, изјави Рубин Белчески, претседател на Сојузот на борци од Прилеп.

Со високи почести, владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, положи цвеќе на спомениците на народните херои во Прилеп.

Според Битиќи, делото на востаниците од 11 октомври недвосмислено го посочи патот по кој треба да се движи нашата државност- патот на европските демократии, на демократските вредности.

-Засекогаш останува долгот за достојно сеќавање и одбележување на овој голем ден. За сите нас: за Македонците, за Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите и сите други, секогаш да бидеме обединети во негување на нашето праведно општество. Темелите ги имаат поставено нашите предци. На денот на востанието тие се бореле за демократски вредности. Тоа е пораката која ние треба само да ја продолжиме. Мораме секојдневно да се бориме за европска Македонија со демократски вредности во неа, изјави Битиќи.

Дел од владината делегација беа и заменик министерката за здравство, Маја Манолева и заменик министерот за образование и наука, Агим Нухиу.

Прилеп има голем влог во победоносното востание. Тоа е обврска да го гради развојот, но и да ги воспитува новите генерации да создаваат во Татковината.

-Прилеп е горд на влогот во народноослободителното востание. Ние имаме иста и заедничка цел: Да го чуваме и да го негуваме ова општество, да живееме во мир и заедништво и да градиме просперитетен и успешен град каде младите ќе ги почитуваат националните вредности и ќе творат во својата држава.

Во народноослободителната борба прилеп дал 650 борци и има 15 народни херои.

Continue Reading

Претходно: Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку млади под 15 години
Следно: Кај средношколец од Битола пронајдена дрога

Поврзани вести

policija-8
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Шеталиште 13/08/2026 08:20
Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10
IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Денеска се слави Свети Евдоким Svekji-Crkva-2_1000x666-1 1
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

13/08/2026 08:23
Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени nevreme 2
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

13/08/2026 08:22
Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат policija-8 3
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

13/08/2026 08:20
Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања Screenshot_20260813_070838_Chrome 4
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

13/08/2026 05:10
Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови” IMG_5824 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

12/08/2026 19:10

Можеби сте пропуштиле

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слави Свети Евдоким

Шеталиште 13/08/2026 08:23
nevreme
  • Македонија

Променливо облачно време со локални невремиња, температурите до 37 степени

Шеталиште 13/08/2026 08:22
policija-8
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Шеталиште 13/08/2026 08:20
Screenshot_20260813_070838_Chrome
  • Вести
  • Балкан
  • Останати
  • Спорт

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на турнирот во Куршумлијска бања

Димитар Петковски 13/08/2026 05:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани