Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Со премиерата „Чиста куќа“ се отвора големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

admin 29/05/2025 00:00
1-5-1068x711-1

„Посебно сме среќни што ова повторно отворање на салите го одбележуваме со премиера на претставата „Чиста куќа“ во режија на Тамара Стојановска, млада режисерка која првпат режира за нашата театарска куќа. Претставата е работена во нестандардни услови, но со огромен ентузијазам и посветеност и љубов кон театарот, посочи Јасмина Мицоска-Станкоска. Претставата премиерно ќе биде прикажана на 31 мај (20 ч.), во големата сала на ЦК “Марко Цепенков“, во Прилеп.

Со камерната претстава „Чиста куќа“ на авторката Сара Рул, а во режија на Тамара Стојаноска, која премиерно ќе биде одиграна на 31 мај (20 ч.), во Големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, официјално се отвораат салите во овој објект, кои пред два месеца беа затворени поради многуте забелешки од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Како што посочува директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Јасмина Мицоска-Станкоска, во изминатиот период е направена потребната санација.

„По затворањето на големата сала, киносалата и објектот каде што е сместен театарот, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, вложивме огромен труд да ги санираме клучните забелешки и да обезбедиме безбедни услови за работа и за публиката. Салите во Центарот за култура се повторно отворени и театарската дејност и активност продолжува. Посебно сме среќни што ова повторно отворање го одбележуваме со премиера во режија на Тамара Стојановска, млада режисерка која првпат режира за нашата театарска куќа. Претставата е работена во нестандардни услови, но со огромен ентузијазам, посветеност и љубов кон театарот. Овој проект е финансиски поддржан од Министерството за култура“, посочи Мицоска-Станкоска. Таа додаде дека клучните забелешки беа да се санира хидрантската мрежа, демонтажа на стариот громобран и монтажа на новиот, поставување на агрегат за челичната завеса, која го дели гледалиштето од сцената во случај на пожар, а имало забелешки и за правецот на вратите, како и за системот за дојава на пожар и електричната енергија, и како што истакна, сето тоа е санирано.

„Иако театарот останува затворен, тоа е предизвик конечно да го решиме прашањето за иднината на Прилепскиот театар. Овој град заслужува нов современ театар достоен за културното наследство и талентот што го поседува. Со оваа премиера сакаме да пратиме една јасна порака дека културата продолжува, театарот живее, а нашата сцена останува жива, активна и отворена за публиката“, додава Мицоска-Станкоска.

Емотивно обраќање на вчерашната најава на премиерата „Чиста куќа“ имаше и Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот театар, кој од 2004 функционира во склоп на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Театарот помина низ многу предизвици, да се биде или не. Иако ги затвори вратите за публиката, не престана да работи ниту еден момент. Докажавме дека уметноста нема ѕидови. Каде што има приказна има и публика, има и театар“, посочи Миленкоски.

Инаку, за претставата, младата режисерка Тамара Стојаноска посочи дека раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови.

„Зборуваме за непредвидливите пресврти во животот и начинот на кој се соочуваме со нив, за болката што е неизбежна, за големината на проштевањето, но и за љубовта и нејзиното губење. Претставата го истражува ширењето на емпатија и начинот на кој се справуваме со траумите од детството, во нашиот случај, преку вицови, како средство за преживување, бегство и поврзување.

Секој лик носи во себе различна тежина, нерешени болки, кои ги гледаме преку односите на две сестри, двајца партнери или родители и деца. Во нашата приказна, вицовите стануваат филтер, еден вид „фасада“ и начин да се преживее она што не може да се издржи. Траумите од детството често се заматени, а спомените се искривени или недовршени, а родителите ги штитат децата од вистинската болна реалност. Ликовите не се обидуваат само да не насмеат, тие се обидуваат да преживеат, да ја пронајдат смислата во свет кој понекогаш е премногу болен за да се прифати таков каков што е…“, вели за претставата Стојаноска. Таа додава дека претставата се движи на границата меѓу реалноста и имагинацијата, користејќи елементи на магичен реализам за да ги прикаже емотивните состојби на ликовите, каде вицовите можат да лекуваат и убиваат, а љубовта може да живее и по смртта…

„’Чиста куќа’ не е само приказна за чистење простор, туку за чистење на внатрешниот емотивен хаос. Авторката нè потсетува дека не сме совршени, но и дека токму во таа несовршеност се крие нашата човечност“, додава Стојаноска, за која ова е седма претстава, но прва во државен театар. Делото, пак, вели, за првпат се поставува на сцена во Прилеп, но и во Македонија.

Актерската екипа ја сочинуваат Даниела Иваноска (Лејн), Наташа Ачански (Матилда), Катерина Чакмакоска-Клинческа (Вирџинија), Јасмина Мицовска Станкоска (Ана), Димитар Ѓорѓиевски (Чарлс). (Д.Т.)

Continue Reading

Претходно: Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб
Следно: Приведено лице од Битола за издржување казна затвор од пет години

Поврзани вести

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 1
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 2
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06
Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник 75492 3
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

07/10/2026 07:06
Граната најдена во двор во Битола granata 4
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

07/10/2026 07:04
Путин денес го слави својот 74-ти роденден 429740_russia-putin_f 5
  • Свет

Путин денес го слави својот 74-ти роденден

07/10/2026 07:03

Можеби сте пропуштиле

policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
75492
  • Македонија

Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник

Шеталиште 07/10/2026 07:06
horoskop-1-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (07.10.2026)

Шеталиште 07/10/2026 07:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани