Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Со прогласување на Лауреатот, Владимир Србиновски ,и доделување на наградите заврши 7.Пијанофест Битола

admin 05/06/2025 00:00
att3

Со доделување на наградите и прогласување на Лауреатот, заврши годинешното 7.издание на Интернационалниот пијано натпревар, Пијанофест. Изминатите денови Офицерскиот дом – КИЦ Битола, беше храм на класичната музика и пречека 110 млади музички надежи од 10 земји учеснички и тоа : Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Бугарија/Русија, Турција, Кина и Тајланд. Организатор на настанот и натпреварот е Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и секако поддршка од Општина Битола и Министерство за култура.

Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории: Пијано соло, Пијано четирирачно и Теоретски отсек облигати, а комисијата на натпреварот беше составена од еминентни пијанисти и педагози од Македонија и странство и тоа: Тереза Тревизан, Паола Кондакчи, Душан Сутон, Ана Гацева и Гоара Нона Лазиќ.

„ Овие неколку дена беа исполнети со исклучителни настапи, инспиративна уметност и вистинска посветеност кон пијаното. Сведочевме на талент, труд и страст – вредности кои го движат овој фестивал напред од неговото основање. Им се заблагодаруваме на сите натпреварувачи што ја споделија својата музика со нас, на родителите за нивната вложеност и на членовите на жирито за нивната професионалност и фер оценување, на професорите за нивната поддршка, како и на публиката која со отворено срце ги поддржа нашите уметници“, истакнаа организаторките.

За Лауреат на натпреварот беше прогласен Владимир Србиновски од Р.Макеодинија, кој освен парична награда, ќе ја добие и наградата – Концерт за отворање на следното издание на Пијанофест 2026. Србиновски исто така ја понесе и наградата “Јасминка Чакар” за која му беше доделена парична награда во износ од 300 евра и плакета. Освен овие награди, беа доделени и три ваучери за учество на следното издание на Виена Гала Фест – концерт кој ќе се одржи во Виена следната 2026 година. Трите ваучери беа доделени на Вук Џокич ( Србија ), Еце Сарач ( Турција ) и Мариела Низамова ( Бугарија ).

„Пијанофест“ не е само натпревар – тој е празник на музиката, мост меѓу култури и генерации, и поттик за идните музички достигнувања.

Истиот беше отворен со настапот на НУ Камерен оркестар Битола и лауреатот на Piano fest 2024 Златица Лазарова.

Continue Reading

Претходно: Зошто појадокот е најважниот оброк?
Следно: 75 фотографии за 75 години театар „Војдан Чернодрински“; Изложба во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Поврзани вести

Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

Димитар Петковски 18/01/2026 17:15
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба

Шеталиште 18/01/2026 13:13
Screenshot_20260117_082255_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Димитар Петковски 17/01/2026 07:24
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео) Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

18/01/2026 17:15
Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани Screenshot-2026-01-18-084509 2
  • Свет

Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани

18/01/2026 13:15
Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари tutun-2 3
  • Прилеп инфо

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

18/01/2026 13:14
28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба 3policija-420x240-138854-1 4
  • Битола инфо

28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба

18/01/2026 13:13
Денес е Водокрст, утре Водици: Се пости само на вода и се осветуваат и крштеваат сите води image-244717 5
  • Македонија

Денес е Водокрст, утре Водици: Се пости само на вода и се осветуваат и крштеваат сите води

18/01/2026 11:04

Можеби сте пропуштиле

Messenger_creation_AE6403AA-C40A-4181-A95E-4FECC73821E7
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Битолчаните Александар и Филип редовни подржувачи на македонската репрезентација (Видео)

Димитар Петковски 18/01/2026 17:15
Screenshot-2026-01-18-084509
  • Свет

Трагедија во Австрија: Петмина скијачи загинаа во лавини кај Салцбург, хеликоптери спасуваа преживеани

Шеталиште 18/01/2026 13:15
tutun-2
  • Прилеп инфо

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Шеталиште 18/01/2026 13:14
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

28 – годишен битолчанец уапсен поради напад на својата баба

Шеталиште 18/01/2026 13:13

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани