Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Спасени се тројцата планинари со седумгодишното дете, со чамец биле префлени преку реката Пчиња

admin 26/05/2024 00:00
TSUK-spasuvane5

„За жал, водејќи се по џи-пи-ес ја промашиле патеката и се заглавиле на стрмните падини и побараа помош на бројот 112. Спасителите не можеа да дојдат до нив, една карпа не дозволуваше да се пристапи до нив. Но, тие се пробија до десната страна на брегот на реката Пчиња. До нив не можеше да се дојде по земјен пат. Затоа доброволното друштво, спасители по вода со спасителен чамец кај Катланово се спуштија во вода и 300 до 500 метри над манастирот Мала Богородица беа пронајдени и префрлени од другата страна на брегот“, вели директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов
Спасени се трите лица кои заедно со седумгодишно дете вчера планинарејќи, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека тројцата планинари со детето биле спасени доцна во ноќта, после полноќ, со помош на тим на спасители на вода од доброволно друштво од Велес со кое ЦУК соработува за вакви ситуации, кои некаде кај Катланово се спуштиле во реката Пчиња, за да ги префрлат планинарите од другата страна на брегот, под самиот автопат Скопје-Велес. Акцијата за спасување, како што посочуваат од ЦУК завршила успешно и лицата безбедно биле качени на автопатот.

Според директорот на ЦУК, Стојанчо Ангелов кој синоќа бил дел од спасувачката акција во видео обраќање рече дека тројцата планинари, односно две жени, еден маж и дете, на возраст од 29, 18, 35 и 7 години се обиделе од десната страна на брегот на пчиња од врвот на ридот да се спуштат кон манастирот Мала Богородица кој се наоѓа над клисурата веднаш под автопатот Скопје-Велес.

Според Ангелов, во реката спасителите наишле на многу препреки, кои мораа да ги преминат буквално пренесувајќи го на раце на некои места чамецот, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеа, по што продолжија.

„Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите“, рече тој.

Според информациите на ЦУК, на лице место, во стрмната клисура се спуштил и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, односно со еден од родителите на дел од лицата, при што се остваруваше и заедничка комуникација со лицата.

„За тоа време имаше обиди да им се фрлат шишиња со вода за да не дихидрираат, бидејќи нивната вода завршила. Во 2 часот по полноќ лицата беа безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје“, велат од ЦУК.

Continue Reading

Претходно: 25-то издание на фестивалот на монодрама во Битола: Славење на уметничката слобода
Следно: Доларот ослабе, нафтата поскапе

Поврзани вести

20260914152710_big_730x400_34
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

Шеталиште 14/09/2026 13:52
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
sobranie
  • Македонија

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии, ќе се разгледуваат законски измени за рестриктивни мерки, здравство, транспорт

Шеталиште 14/09/2026 06:43
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани