Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Колумни

Споделуваме заедничка иднина

Шеталиште 25/06/2025 13:32
Anita Angelevska

Пишува: Анита Ангелевска

Секогаш кога станува збор за женски активизам и здружување врз основа на полот, неминовно се зборува за надминување на разликите меѓу жените и мажите. Не мислам оти во политичкиот ангажман на жената клучен е натпреварот со мажот. Но, од друга страна, прашањата за економската независност на жената, нејзиниот напредок во животот и кариерата и уривањето на стереотипите, убедена сум – се клучни моменти околу кои може да се концентрира женскиот политички активизам, што мора да се направи не во натпревар со мажите, туку заедно во партнерство со нив.

Непобитен факт е дека мажите и жените се различни едни од други и меѓу нив постојат природни, биолошки разлики кои не можат да се надминат. Но, разликите кои ги наметнало општеството, стереотипите и општоприфатените полово – дискриминирачки модели се тие што можат и треба да се намалат, изедначат, надминат. Само жени кои претходно ги согледале, дефинирале и ги надминале разликите меѓу нив самите можат да бидат кохерентна сила во премостувањето на разликите во општествената улога со мажите. Сите ние припаѓаме на различни културни, општествени па и цивилизациски модели, а сме поврзани со сродноста на идеологиите, политичките концепти, нашата професионална преокупација и конечно со целта – еднаквите можности на жените и мажите.

Затоа, ние жените ДЕНЕС, треба да се обединиме околу десетте клучни точки, врз кои треба да ја градиме својата соработка, а формите можат да бидат најразлични. Иницијатива, инвентивност и решеност никогаш не и недостасувале на жената.

  1. создавање повеќе и подобри работни места за жените
  2. еднаков пристап до образование и професионална реализација, надминување на вкоренетите стереотипи за жените и мажите и нивните улоги во општеството.
  3. зајакнување на приходите на жените – што ќе значи безбедност во текот на целиот животен циклус
  4. препознавање, намалување и правилен третман на неплатениот ангажман, грижа и работа на жената во домот
  5. инвестирање во родово одговорни – социјални услуги
  6. зголемување на ресурсите за постигнување суштинска, а не само декларативна еднаквост
  7. поддршка на женските организации во политичките агенди на сите нивоа
  8. создавање поволно глобано опкружување за реализација на женските права
  9. стандардизирана употреба на основните човекови права. Тоа е императив да се премости јазот во одност на основните човекови права, од една страна и политики за унапредување на правата на жените од друга страна
  10. да се прави континуирана евалвација, преку генерирање докази, кои ќе бидат оценка за напредокот на женските економски и социјални права

Без разлика колку сме различни, има повеќе нешта што не обединуваат отколку што не разделуваат. Ние ја споделуваме заедничката иднина. А, пред нас стои одговорноста на задачата да учествуваме во јавните политики во заедницата, кои придонесуваат за подобра иднина на човештвото и истовремено обезбедуваат респект за жената, затоа што само така ќе придонесеме за моќта на семејството, градот, државата, светот. Обединета Европа речиси осум децении се обидува да ги изгради и зацрвсти темелите на заедништво меѓу народите на Стариот Континент како мировен, економски пазарен, културолошки концепт – заеднички систем на вредности во кој разликите се причина за единство. Ние жените, во нашиот денешен европски „натпревар“ чија цел не е освојување на титула или победа туку единство и надминување на разликите треба да играме клучна улога.

Европа има женско име. Во меѓународната политика ја именуваат и како Старата Дама. Па, почитувани мои дами. Да ги засукаме ракавите и да ја обединиме – секоја во својот домен.

Шеталиште не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

Continue Reading

Претходно: Владата очекува до милион и пол туристи во Македонија
Следно: И официјално на 5 јули ќе биде пуштен системот со едно застанување на границата со Србија

Поврзани вести

505387604_10236134407556018_3397687660184272307_n
  • Колумни

Шеталиште со дипломатски печат

Шеталиште 11/06/2025 05:25
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани