Човештвото никогаш не било толку блиску до планетарна катастрофа, а то го покажува Апокалипсниот часовник, кој ја симболизира неизбежноста на глобалната катаклизма кој е поставен на 90 секунди до полноќ.
Минатата година часовникот на апокалипсата или судниот ден беше 100 секунди до полноќ, а за тој часовник е задолжена група научници, која секоја година ги прилагодува стрелките во согласност со случувањата во светот.
Претставниците на Билтен на атомски научници (БСА) на прес-конференција соопштија дека го поставиле часовникот на судниот ден толку блиску до полноќ поради војната во Украина. Одлуката е донесена поради зголемената закана од војна во Украина.
Во оваа група научници спаѓаат добитниците на Нобеловата награда, а еден од основачите е Алберт Ајнштајн. Апокалипсниот часовник е создаден кратко по почетокот на Студената војна и редовно се ажурира од 1947 година од страна на научниците од БСА од Универзитетот во Чикаго.
Полноќ го претставува крајот на светот.
Научниците ја користат аналогијата на одбројување до полноќ за да предупредат на опасностите од нуклеарни, еколошки и технолошки закани.