Во една отмена атмосфера во една од најстарите пиварници во Германија, Хофбраухаус во Минхен, заврши ждрепка во која Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за првата фаза на Светското првенство 2027 година во Германија.

Македонија има голема шанса да се пласира во следната фаза во која одат најдобрите три селекции од нашата група. За пласман понатаму Македонија би се соочила со селекциите од Групата Г: Данска, Словенија, САД и Ангола, натпреварите ќе се играат во Келн или Хановер.

Распоред на натрпеварите на Македонија:
15 Јануари 2027
Македонија – Јапонија
Исланд – Бахреин
17 Јануари
Јапонија – Исланд
Македонија – Бахреин
19 Јануари
Исланд – Македонија
Бахреин – Јапонија



