Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Средба Гаши – Пармелан: Законодавниот дом е значително напреднат и игра клучна улога во демократските процеси

Шеталиште 29/04/2026 16:51
Gashi-Parmelan

Претседателот на Собранието, Африм Гаши остварил средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле потврдени одличните и пријателски односи меѓу двете држави, како и заедничката определба за нивно понатамошно унапредување и продлабочување. Била истакната важноста од парламентарната соработка, размената на искуства и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Претседателот Гаши изразил особено задоволство што сме сведоци на прва ваква посета од претседател на држава со која имаме соработка на високо ниво, нагласувајќи дека Швајцарија претставува пример и модел за развој на демократијата. Тој, исто така, изразил благодарност за континуираната поддршка од Швајцарија во процесот на европска интеграција, како и за реализацијата на Проектот „Програма за поддршка на Парламентот“, кој придонесува за зголемување на транспарентноста, отчетноста и вклученоста на граѓаните

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан ставил акцент на работата на Собранието на Република Северна Македонија, оценувајќи дека законодавниот дом е значително напреднат и игра клучна улога во демократските процеси. Тој истакнал дека државата се наоѓа на вистинскиот пат, со видливи достигнувања и напредок на високо ниво.

Воедно, како што се наведува во собраниското соопштение, двајцата соговорници информирале за најновите активности и актуелните случувања во своите земји. Едногласно ја потврдиле подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка.

На средбата присуствувале и пратениците на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација – Илир Хасани, Александра Николовска, Мерита Коџаџику и Фатмир Битиќи, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска и заменик-генералниот секретар Ибуш Јусуфи.

Фото: Собрание

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски по средбата со претседателот на Швајцарската конфедерација Пармелан: Билатералните односи ќе се продлабочуваат
Следно: Македонија до 15 години со убедлив старт на Torneo delle Nazioni – 3:0 против Молдавија

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани