Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Среќните спонзори на ФК Пелистер кога го освои Купот, нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ (Фото)

Димитар Петковски 15/05/2026 17:39
FB_IMG_1778866560243

Градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски денеска присуствуваше на објавата на влегувањето на нови спонзори во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“.

Станува збор за групацијата на „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“. Или попрецизно истите спонзори беа среќни пред неполни 10 години за ново одличје на Фудбалскиот Клуб Пелистер кога ја победи на пенали Шкендија во Струмица и го донесе пехарот од Купот на Македонија во Битола.

Токму „Пелистерка“, и „ЗК Пелагонија“ беа едни од главните спонзори во ФК Пелистер и најзаслужни за успехот на клубот во тој период.

Денес претседателот на клубот,Зоран Стерјeв кажа дека во изминатиот период многу интензивно работеа на продолжување на ракометната платформа заедно со општината, на привлекување дополнителни спонзори кои што ќе го зајакнат капацитетот на клубот.

„Ќе помогнат во наредниот период клубот да остане на нивото на кое што е и овие изминати години, активно да се бориме за највисоките дострели, во националното првенство за освојување на шампионатот на нашата држава и се разбира националниот куп, а на меѓународен план колку е можно да стигнеме подалеку во некои од европските натпреварувања“ рече Стерјeв.

Истакна дека чест и задоволство е што денеска се официјализира влегувањето во клубот на еден голем спонзор, а тоа е групацијата на „ЗК Пелагонија“, „Пелистерка“ и „Здравје Радово“.

Стерјев искажа голема благодарност до сопственикот на групацијата Цветан Панделевски и неговиот тим за како што рече, разбирањето кое што го имаат кон клубот, желбата да се помогне и идејата заедно да се направи повеќе.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека успешната приказна на „Еурофарм Пелистер“ и Општина Битола преку платформата со ова нова додадена вредност која ја имаме сега со спонзорството, продолжува и понатаму за што сме горди со овој клуб.

„Вие сте брендот кој го осветли образот и на општината и на градот и на државата во изминатиов период. Со ова денеска објавување, официјализирање на овој партнерски однос, ова спонзорство, значи многу, значи една стабилност која ќе ја зајакне спортската платформа меѓу Општина Битола и „Еурофарм„ и нов поттик за вас секако како спортисти, за градот уште посилно и во едни стабилни услови да продолжиме понатаму да го градиме името на Пелистер“ – рече градоначалникот Коњановски.

Договорот во име на групацијата го потпиша сопственикот Цветан Панделевски кој кажа дека му е чест што ја доби можноста финансиски да помогне на овој успешен клуб да продолжи со успехот кој досега го имаше.

„Со тој успех клубот го претставуваше градот Битола и Македонија надвор од границите. Како општествено одговорна фирма која има три компании во Македонија, особено во Битола „Пелистерка“, „Здравје“ и „ЗК Пелагонија“, сакаме да помогнеме овој клуб да го задржи нивото и да има уште подобри успеси, а со тоа преку клубот да може да не претставуваат и нас како производители, стопанственици на квалитетни и врвни производи“, рече Панделевски.

По потпишувањето на договорот, Панделевски од страна на клубот доби дрес со неговотото презиме и бројот 27, кој всушност е денот на неговиот роденден.

Continue Reading

Претходно: Нови современи медицински апарати за прилепската болница
Следно: Македонско запросување во Германија, Методија ја побара Наталија среде Лајпциг за жена!

Поврзани вести

granata
  • Битола инфо

Граната најдена во двор во Битола

Шеталиште 07/10/2026 07:04
798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани