Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

Шеталиште 28/01/2026 08:32
uwsfsua23wsds7r6hncb

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите кои не ги зголемија платите на работниците.

Според ССМ, има многу аргументи за зголемување на платите тргнувајќи од инфлацијата се до растот на вредноста на синдикалната минимална кошничка во јануари за илјада денари.

– 28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што истите не стигнуваат од 1-ви до 1-ви. Ве повикувам сите – и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни се придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи, рече Трендафилов, рече вчера Трендафилов.

Според него, повеќе нема изговори бидејќи 200 илјади луѓе се сиромашни и живеат со плата под 30.000 денари.

На протестот ќе се приклучи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во соопштение испратено до медиумите, ССНМ ги повика своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјата.

– Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС, објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјата, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и други, кои од работодавачите се држат на минималната плата. Со оглед на тоа дека повеќето од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата, наведуваат од ССНМ.

Од Владата со став дека секој има право да протестира, но дека зголемувањето на минимналната плата ќе биде согласно законот во март.

– Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Гази Баба.

За Бизнис конфедерацијата е прифатливо зголемувањето на минималната плата во март, а секое друго зголемување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би било товар за стопанството. Сметаат дека нашата економија, особено приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата.

– Разговаравме неколкупати и со претставници на Владата, но исто така и со нашите колеги и од Сојузот на синдикатите на Македонија и од другите синдикати дека би се задржале на ставот дека усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот што треба да се разбере и да се прифати, но исто така и за да можеме да покачиме повеќе, како што бараат синдикатите, во интерес и на работодавачите, и на граѓаните, и на работниците е покачувањето од 6.000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок, и тоа во сите сектори. Дополнителните барања и дополнителните 100 евра што ги сметаме како линеарно покачување навистина сериозно со овие услови, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би биле голем товар за стопанството, не само за микро, малите и самостојните вршители на дејност туку и за сите компании, бидејќи станува збор за голем товар, кој не е само 6.000 денари, односно со социјалните придонесот е оптоварен со уште 4.500 денари, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.

Ваквите тврдења од бизнис секторот, според ССМ, не држат. Оттаму велат дека официјалните податоци за профитите на бизнисмените, ги демантираат.

ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата поради растот на животните трошоци. Од Владата оставија за ова да се договорат синдикатите и работодавачите, но до решение не дојде ниту на последниот состанок на Економско-социјалниот совет одржан во декември.

Доколку не наиде на слух од другата страна, од ССМ најавуваат блокади на таргетирани институции, организирање генерален штрајк и собирање на 10.000 потписи за законски измени со кои ќе бараат намалување на функционерските плати и зголемување на минималната плата и сите останати плати.

 

 

 

 

Извор и фото: 24вести

Continue Reading

Претходно: Времето денеска претпладне облачно, од вечерва дожд и снег низ цела Македонија
Следно: Денес се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Поврзани вести

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани