Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола ги информира граѓаните дека поради дефект на пумпа во пумпната станица „Довлеџик“, во текот на денот поголем дел од ниската зона на градот остана без вода.
Надлежните екипи веднаш интервенираа и дефектот е веќе саниран. Во моментот се врши монтажа на пумпата, а од претпријатието информираат дека се очекува водоснабдувањето да се стабилизира во вечерните часови.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и разбирањето.

