Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Стартуваат законските измени: Странските фирми мора да имаат даночен застапник за ДДВ

admin 02/01/2024 00:00
ujp-povik-1

Од почетокот на годинава, странските фирми кои работат на територијата на Македонија, а немаат тука седиште или подружница, имаат обврска да назначат даночен застапник за ДДВ, информираат од Управата за јавни приходи. Ова произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, а се однесува на тие што вршат промет на добра и услуги кои поделжат на овој данок.

„Пропишаната законска обврска странското лице треба да ја исполни пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата, а при регистрацијација не се зема предвид вкупниот промет од 2 милиони денари пропишан во членот 51 ставот (1) од Законот за данокот на додадена вредност“, посочуваат од Управата.

Притоа, појаснуваат дека даночен застапник може да фирма или поединец што ги исполнува предвидените услови: да е регистриран за цели на ДДВ најмалку 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник; на денот на поднесување на пријавата да нема ненамирени даночни обврски. Доколку е правно лице – да не е започната стечајна или постапка за ликвидација, а ако се работи за физичко лице – да не е правосилно осудено за кривично дело.

Странската фирма, пак, треба да се пријави за регистрација и за доделување на ЕДБ во надлежната регионална дирекција на УЈП, зависно од адресата на назначениот даночен застапник. За таа цел се поднесува Пријава за регистрација “образец УЈП-РДО“, заедно со неопходните документи: договор за назначување даночен застапник; потврда за резидентност од земјата во која има седиште или подружница; полномошно издаденено од странското лице, преведено на македонски јазик; копија од лична карта или тековна состојба од ЦРСМ за лицето назначено како даночен застапник; доказ дека за назначениот даночен застапник не е започната стечајна или ликвидациона постапка ако е правно лице или доказ дека не е правосилно осуден за кривично дело ако е физичко лице.

Кога ќе се завршат сите формалности, даночниот застапник во своја надлежност ги презема обврските да пресметува ДДВ врз основа на добиените пресметки од странската фирма; во негово име, по истекот на секое тримесечје, да поднесува даночна пријава; да го плаќа данокот и евентуално пресметаната камата ако се уплатата не е извршена во законски пропишаниот рок и да води евиденции за извршениот промет кој се оданочува.

Деталите за реализација на постапката се наведени во правилникот подготвен од УЈП.

Continue Reading

Претходно: Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур
Следно: Хаос од гужви на „Табановце“: на пет ленти има километарски колони и нервозни патници

Поврзани вести

nafta-1
  • Економија

Цените на нафтата паѓаат откако Трамп изјави дека САД нема да го нападнат Иран пред среднорочните избори

Шеталиште 09/10/2026 05:59
enis-bardi-instagram
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Димитар Петковски 09/10/2026 05:06
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 1
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 2
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 3
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 4
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 5
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44

Можеби сте пропуштиле

prilep-programa
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

Шеталиште 09/10/2026 14:57
1_-_
  • Промо

Од идеја до реализација: Октомври е за следниот бизнис чекор

Шеталиште 09/10/2026 11:24
image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани