Кандидатот за градоначалник на Општина Новаци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Стевановски, во обраќање до јавноста истакна дека заедно со советничкиот тим ќе продолжи таму каде што застанале, нагласувајќи дека нивниот фокус ќе остане на работа, проекти и реализација.
„Заедно градиме, заедно успеваме. Во изминатиот период започнавме со развојот на нашата општина – инфраструктура, поддршка на земјоделството, инвестиции во младите и проекти за подобар живот. Во новиот мандат ќе го продолжиме сето тоа со уште поголема енергија и посветеност“, изјави Стевановски.
Тој додаде дека граѓаните на Новаци заслужуваат континуитет и напредок, а не застој, ветувајќи транспарентна и чесна работа во интерес на сите жители на општината.
„Нова енергија за Новаци – дела, а не зборови! Со работа, со чест и со љубов кон Новаци ќе донесеме вистински промени“, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Новаци и актуелен градоначалник, Стевче Стевановски.
Фото: Стевче Стевановски

