Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Шеталиште 11/08/2025 13:34
Stomatolska komora

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи откако министерот за здравство Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.

– Прво, бидејќи јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита, член 262, се многу широк поим и за поголемиот дел од страна на комисијата формирана од министерот за здравство воопшто нема ни вршено надзор, ниту пак која било комисија или кој било министер се имаат произнесено на кој било начин, Комора не може да знае зошто и во кој обем е т.н. времено одземање до исправање на неправилностите, односно да ги цитираме неговите зборови „до стишување на работите во Комората”, кажа Денковски.

Беше посочено дека минатата недела имале интензивна комуникација со министерот за здравство, Алиу.

-Заклучокот беше дека, доколку има неправилности, Комората секако ќе ги вложи сите напори да се исправат. Исто така, сакаме да посочиме дека во меѓувреме, во наведениот период, за работењето на Комората се направени неколку надзори и контроли од страна на Министерството за здравство, ДСЗИ, Управа за јавни приходи, разни државни инспекторати и агенции и сл. и согласно записниците од направените надзори и контроли кои ги поседува Комората, нема утврдени неправилности во кој било сегмент во работењето на Комората, па ниту во делот на јавните овластувања кои се доделени со закон, наведуваат од Комората.

Денковски ги демантираше наводите дека на Комората и биле дадени насоки од министер, а дека таа не постапила.

-Информираме дека нема вистина во тоа и не е точно дека Комората не постапила, беше истакнато на пресот.

Притоа беше нагласено дека Комората веќе во текот на април постапила согласно насоките на министерот за здравство по сите точки кои биле наведени на пресот, за што, како што беше подвлечено, имале и документи и писмени докази.

Беше најавено дека уште денеска, претседателот Денковски ќе ги повикал на разговор и консултација претходните претседатели.

– За да го слушнеме и нивното мислење, зошто по она што знаеме засега, се работи за некои „незаконски” постапки на Комората уште од 2016 година, па дури и порано, односно од 2006 година. Исто така, ќе се направи средба со Лекарска комора зошто ако кај нас, во стоматологија, т.н. „незаконска” едукација вршеле околу 15-ина, како што беа наречени, нерегистрирани здруженија, во Лекарската комора, во системот на Континуирана медицинска едукација учествуваат или учествувале над 80 такви здруженија – меѓу кои доминираат членки на Македонско лекарско друштво, беше кажано на прес -конференцијата.

Понатаму, беше посочено дека се планирааат свикувања на вонредни седници на Извршниот одбор и на Собранието на Комората.

– По што, ќе ги информираме и членовите на Комората и медиумите, како и пошироката јавност, за официјалниот став, бидејќи согласно актите на Комората, само Собранието има надлежност за истиот. На крајот времето ќе покаже каде е вистината. Сите ние во Комората сме спремни на сите последици доколку имаме згрешено, но исто така доколку се потврди дека Комората нема финасиски или други криминали, сосема реално е да бараме и очекуваме јавно извинување до целокупната македонска јавност и целокупното членство на Комората, затоа што Комората постои и се состои од нејзините членови, докторите на стоматологија, беше потенцирано на прес-конференцијата.

Фото: МИА 

Continue Reading

Претходно: ВМРО-ДПМНЕ: Визијата на ДУИ за Македонија е продавање на македонскиот идентитет и рушење на институциите
Следно: МЗ: Министерството имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Стоматолошката комора, констатирани се неправилности

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
20261005093245_big_730x400_9
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Шеталиште 05/10/2026 07:53
foka-jona-780x470
  • Македонија

Еве зошто денес е вистинскиот момент да им простите на луѓето што ви згрешиле и да си олеснете на срцето

Шеталиште 05/10/2026 06:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани