Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Срцето на Прилеп и прилепската чаршија

Шеталиште 11/06/2025 09:02
Saat_Kula_Prilep

Старата чаршија во Прилеп претставува срцето на градот, а е дел од историјата и од неговиот културен идентитет.

Градот се споменува уште во 11 век, а своето значење го добива особено во 14 век, кога станува седиште на кралот Марко, познат како Крали Марко во чие име се крстени и Марковите Кули, средновековна тврдина додека во подножјето на тврдината се наоѓа населбата Варош, богата со цркви и манастири од 13 и 14 век, како што се Св. Никола, Св. Димитрија, и Св. Преображение, украсени со фрески од исклучително значење за македонската средновековна уметност.

Во османлискиот период, Прилеп добива на економско значење преку развојот на Старата чаршија – трговски и занаетчиски центар кој се формира покрај реката и прераснува во жива урбана целина. Чаршијата достигнува процвет во 18 и 19 век, со изградба на Саат кулата (1858), Чаршиската џамија, турскиот амам и бројни дуќани изградени во камен по серија пожари.

Во 19 век, Прилеп станува важен центар на националното возобновување, со отворање на училишта и појава на истакнати преродбеници како Марко Цепенков и Кузман Шапкарев.

Денес, прошетката низ Старата чаршија и Варош е патување низ вековите: камените калдрми, старата архитектура, духовната тишина на манастирите и историските споменици ја раскажуваат приказната на Прилеп — градот под кулите.

Развојот на старата чаршија во Прилеп бил од раните почетоци од појавувањето на првите тезги па после тоа се формирал прилепскиот пазар, по формирањето на прилепскиот пазар почнале да се отвораат бакалници т.е. Продавници за прехранбени производи. Во тие бакалници на почетокот се продавале основни работи како што биле: брашно,сол, шеќер,масло,бонбончиња,леблебија и други работи кои биле потребни за животот на луѓето. После тоа се појавиле и други бакалници кои биле под сопственост на прилепските еснафи. Покрај бакалниците се отвориле и занаетчиски дуќани.

Најпознати занаети биле : куменџискиот , басмарскиот, бочварскиот занает , тенеќеџискиот , ковачкиот занает , терзискиот занает,фурнаџискиот занет,кујунџискиот занает и други занаети сите овие дуќани биле од големите прилепски еснафи.

Со отворањето на дуќан по дуќан постепено се создала прилепската чаршија. Со отворање на повеќе дуќани во чаршијата меѓу еснафите се појавила конкурентност и со тоа се подобрувале условите и се збогатувал изборот во трговијата со што прилепската чаршија станувала трговски центар.

Покрај бакалниците во старата чаршија имало и доста други познати занаети како што се копчари , опинчари, ножари, рамкари ,бербери, изработувачи на сувенири и доста други занаетчии кои броеле околу петстотини со што прилепската чаршија станала една од попознатите чаршии во Македонија во тоа време.

Покрај старата чаршија во срцето на градот е и познатата Саат кула во Прилеп која претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година.

Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.

Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има камена чешма која е изградена во 1826 година, а обновена во 1836 и 1896 година, а над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:
Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика: Ах.

И секако додека шетате низ тесните сокачиња низ старата чаршија ќе наидете и на спомен чешмата на Итар Пејо кој е многу важен лик во антологијата на македонската книжевност.

Споменикот е дело на вајарот Жарко Башески, кој е поставен во 2008 година.

Да уживаме во убавината на нашата стара чаршија која е дел од богатото културно наследство што го гради нашиот идентитет и не промовира како туристичка дестинација за културен туризам.

Continue Reading

Претходно: Сончево време, попладне услови за нестабилност
Следно: Прилепскиот златен лист

Поврзани вести

FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07
749629376_122194462682756596_2657927869604920384_n
  • Прилеп инфо

Бејби бум во Прилепската болница: Нови 12 мали херои го разубавија светот

Шеталиште 17/07/2026 11:00
prodanovski1-1200x675
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп е подготвен за Пиво Фест 2026, ве очекуваме од 17 до 19 јули

Шеталиште 17/07/2026 07:51
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике 2345644 1
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

18/07/2026 18:36
Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп FB_IMG_1784358162995 2
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

18/07/2026 07:07
Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија 98765 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Спорт

Младинската репрезентација на Македонија ќе игра против Србија за 19. место на Европското првенство во Романија

18/07/2026 06:18
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење IMG_5301 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Битола одбележа 36 години постоење

18/07/2026 05:15
Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска 34567 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Ракомет
  • Спорт

Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе игра против екипи од Германија, Шпанија и Полска

17/07/2026 12:15

Можеби сте пропуштиле

2345644
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лајпциг со Елмас и новиот тренер Демикелис победија на првата пријателска против Алтглинике

Димитар Петковски 18/07/2026 18:36
Naslovna18072026
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:37
DSC_2567
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (18.07.2026)

Шеталиште 18/07/2026 16:04
FB_IMG_1784358162995
  • Прилеп инфо

Илјадници посетители ја одбележаа првата вечер на „Пиво Фест 2026“ во Прилеп

Шеталиште 18/07/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани