Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Сточари од Прилепскиот регион користеле ушни маркички од пцовисани крави за да земат субвенции, вели министерот Серафимовски

Шеталиште 06/08/2026 10:47
vfagdgdgdgqa

Министерот за земјоделство Борче Серафимовски во интервју за МИА откри какви злоупотреби се забележани со субвенциите за земјоделците и другите државни програми.

„Имаме класична злоупотреба на субвенциите. Педесетина апликанти, претежно од Прилепскиот регион и Кривогаштани, на два или 2,5 декари пријавиле производство од 10 и 11 тони тутун. Тоа е невозможно. И кај овците и кај кравите, што се случува? Имаме класична злоупотреба на ушните маркички со кои е обележано секое грло. Грлото угинува, а сопствениците едноставно ја земаат маркичката, ја чуваат и се уште врз основа на таа маркичка го пријавуваат животното иако е веќе угинато, го нема. Во една неофицијална акција што сега ја направивме, се покажа дека на хартија имаме скоро 400.000 овци, а реално се околу 250 до 280 илјади. Се работи за разлика од 100 до 130-140 илјади грла. Тоа се сериозни пари ако се земе предвид што како финансиска поддршка добиваат сопствениците по овца – од приплод, млеко,… Сега со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) размислуваме секое грло да има чип што ќе може да се чита со обичен читач. Дури и со ГПС-локатори ќе можеме да ги следиме грлата, ако дојдеме до тој момент, вели министерот.

Серафимовски оценува дека ваквата ситуација може да се надмине само со засилени контроли, но апелира и до земјоделците – да бидат максимално одговорни и да го пријавуваат реалното производство.

„Апликациите што ги поднесуваат земјоделците во Агенцијата за финансиска поддршка преку нашите подрачни единици содржат податоци од аспект на површини што се запишани како земјоделско стопанство или индивидуален земјоделец и производство што го пријавуваат. Ние во програмите и уредбите имаме максимални или минимални површини, односно приноси на одредена култура. И сега што ни се случува? Кога вршиме контрола, еве конкретно кај тутунот, имаше ситуација во која дел од тутунарите пред неколку месеци не земаа средства, зашто се изврши дополнителна контрола и се утврди дека на површина од два декара пријавуваат 10 тони тутун. Еден декар тутун може да произведе 400 до 600 килограми тутун, зборуваме во некои максимални приноси. Значи, на два декари се тон и 200. Не може да пријавите 10 тони тутун. Зошто тоа се прави? Едни злоупотребуваат, други земаат површини од трети лица и тие истите површини ги обработуваат, а првичното лице кое е корисник на површината, дали е приватна или концесија, ги зема субвенциите. На тој начин вршат злоупотреба директно на субвенциите. И тие не одат директно кај земјоделецот кој произведува, туку одат кај некој што земал, хипотетички, 100 хектари површина, не ја работи, а ќе ја даде на трето лице да ја обработува. И сега овој има интерес бидејќи сака да работи, а не успеал да земе од различни причини – не исполнувал услови, немал банкарски гаранции (зашто мора да се гарантира за тие површини)… Овде имаме класична злоупотреба на субвенциите“, вели министерот.

 

 

 

 

 

 

Извор: Слободен печат

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
Следно: Кој пее, два пати се смее – Детски музички настан на БИТ ФЕСТ 2026

Поврзани вести

Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска се слават Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Шеталиште 10/08/2026 07:24
20260810090358_big_730x400_92
  • Македонија

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините

Шеталиште 10/08/2026 07:21
Toplo vreme
  • Македонија

Денеска многу топло, температури до 40 степени

Шеталиште 10/08/2026 07:20
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“ Screenshot_20260811_060256_Chrome 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“

11/08/2026 04:03
Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк) 345678 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

10/08/2026 15:59
Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 3
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

10/08/2026 11:01
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција germansko-zname-650x396-2 4
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

10/08/2026 09:55
Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја 20260810091739_big_730x400_51 5
  • Балкан

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

10/08/2026 07:28

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260811_060256_Chrome
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Македонија ја совлада Швајцарија, oд минус 21 до пресврт на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 11/08/2026 04:03
345678
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

Димитар Петковски 10/08/2026 15:59
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

Шеталиште 10/08/2026 09:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани