Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Стојаноска: Со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за плати, пензии, за инвестиции во образованието, здравството, како и за капитални инвестиции

Шеталиште 03/07/2025 13:25
Dafina Stojanovska

Вчера започна комисиската расправа за Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Овој ребаланс не е само бројка – тоа е буџет кој припаѓа на сите граѓани и кој носи реална поддршка, развој и сигурна иднина. Буџет на кој е пристапено со особено внимание, во секоја ставка, бидејќи тоа се пари на граѓаните.

Ќе издвојам неколку најважни поенти од овој ребаланс кој го прави успешен и кредибилен:

1. Раст на приходите од 8,6% во првите пет месеци од годината покажува дека економијата ја зајакнуваме, фискалниот простор го прошируваме, а системот на наплата функционира подобро. Тоа е потврда дека создадените ресурси се плод на нашата заедничка работа.

2. Расходите растат умерено – само 5,1%, и тоа е затоа што приоритетот ни е граѓаните. Зголемени се плати и пензии, внимателно, постепено за да има за секого, а без да се нарушат економските параметри.

3. Буџетскиот дефицит останува стабилен на 4% од БДП, што гарантира фискална одговорност и стабилност на македонската економија.

4. Со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за важни сегменти:

– 800 милиони денари повеќе за плати

– 2,5 милијарди денари за пензии

– 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции – инвестиции кои ја носат иднината во вашите општини, во вашите населени места. Ќе допреме до секое едно место во Македонија.

5. Во образованието се вложуваат повеќе од 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта, а сите студенти ќе добијат ваучери од 250 евра за набавка на електронски уред.

6. Реактивиран е проектот „Купи куќа за млади“ со зголемување на средствата за 111%, што е директна поддршка за младите семејства и младите луѓе во создавање на сигурен дом. Со претходната Власт, овој проект беше нефункционален. Ние сега го враќаме на големо, на барање од младите.

7. Значителни инвестиции се планирани и во здравството, со зголемување од 237 милиони денари за изградба, реконструкција и модернизација на здравствени установи, вклучувајќи и дигитализација на здравствените услуги.

8. Јавниот транспорт и инфраструктурата добиваат нов импулс: 307 милиони денари за нови автобуси, плус 307 милиони за локални патишта и дополнителни средства за железничка инфраструктура.

9. Поддршка за спортот, културата и животната средина со значајни зголемувања, кои ги стимулираат квалитетот на живот во сите делови на државата.

Овој ребаланс е доказ дека власта на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на развојот, растот и грижа за граѓаните. Ние инвестираме во иднината, ги штитиме социјалните права, обезбедуваме стабилност и услови за подобар живот.

Со овој ребаланс, покажуваме дека буџетот не е само документ, туку инструмент за реални резултати – за секој граѓанин, за секое семејство, за целата држава.

изјава на Дафина Стојаноска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Нова странска инвестиција на Гентерм вредна над 30 милиони евра, расте довербата во нашата економија
Следно: Тренчевска: Со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
SFERA1
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

Шеталиште 13/08/2026 11:43
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани