Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Стојаноски: Предложените измени на Законот за минерални суровини не се никаква закана за животната средина, сите постојни механизми за нејзина заштита остануваат на сила

Шеталиште 25/04/2026 10:47
Bojan-Stojanoski

Во јавноста се појавија одредени шпекулации во врска со предложените измени на Законот за минерални суровини. Сметаме дека е важно, јасно, прецизно и транспарентно да ги објасниме фактите, затоа што дел од изнесените тврдења не соодвествуваат со содржината на самиот закон, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, коешто МИА го пренесува интегрално.

Најнапред, клучно е да се нагласи: овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина. Предложените измени се прецизно таргетирани, ограничени по опфат и јасно дефинирани, и се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола, и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали (како јагленот) и други ресурси со стратешко значење за државата.

Што точно се менува? Прво, со измените се воведува дополнителна контрола од страна на Владата. Во член 10 се предвидува дека за одредени категории минерални суровини од јавен интерес, Владата дава претходна согласност во постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања. Ова не е олеснување на процедурите, туку напротив – вклучување на највисокото ниво на одлучување, што значи поголема одговорност и институционална контрола.Ова значи повисоко ниво на контрола, а не либерализација.

Второ, измените овозможуваат во постапката за добивање дозвола за експлоатација да се земе предвид и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво во случаи кога станува збор за проекти од јавен интерес.

Важно е да се потенцира дека: експропријацијата не е нов механизам – таа е веќе уредена со закон и се применува со јасно утврдени правила и заштита на правата на граѓаните. Со ова решение, не се укинуваат имотно-правните односи, туку се овозможува поефикасно усогласување на постапките за проекти од стратешко државно значење, или поврзување со постапката за експропријација.

Во постапка за добивање дозвола за експлоатација, како доказ може да се користи и одлука за поведување постапка за експропријација, но исклучиво за проекти од јавен интерес. Прецизирање на постапките, не нивно олеснување. Измените имаат за цел да ги отстранат практичните административни пречки и да овозможат поефикасна реализација на проекти од јавен интерес, без да се менуваат суштинските услови.

Трето, измените имаат за цел да ги надминат практичните административни пречки кои досега ја отежнуваа реализацијата на проекти од јавен интерес, особено во енергетскиот сектор. Тоа значи, прво, поефикасна постапка – но не и пониски стандарди.

Што не се менува? Ова е особено важно за јавноста. Со овие измени не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат еколошките стандарди, не се укинуваат инспекциските контроли, не се менуваат обврските за управување со отпад и води. Сите постојни механизми за заштита на животната средина остануваат целосно на сила.

На што се однесуваат измените? Согласно закон, минералните суровини се добро од општ интерес и сопственост на државата. Во член 4 јасно е утврдено дека од јавен интерес се, меѓу другото, енергетските минерални суровини, како што се јагленот и други енергетски ресурси, како и други минерали од стратешко значење. Измените се однесуваат токму на овој сегмент – односно на ресурси кои се директно поврзани со енергетската стабилност и стратешките проекти на државата.

Во однос на тврдењата за „олеснување на концесии“ сакаме јасно да потенцираме, не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии. Напротив – се зајакнува улогата на државата, особено во делот на носење на одлуки и координација. Постапките и понатаму се спроведуваат согласно закон, со сите потребни дозволи, контроли и надзори.

Во однос на постапката – Законот се предлага по скратена постапка бидејќи не станува збор за нов системски закон, туку за ограничени измени кои произлегуваат од практичната примена на постојниот закон.

Природните ресурси се јавно добро од стратешко значење. Токму затоа, обврска на државата е да обезбеди јасни правила, институционална контрола и ефикасни постапки.Овие измени одат токму во таа насока. Тие не ја намалуваат заштитата – туку создаваат услови државата поодговорно, поефикасно да управува со ресурсите што им припаѓаат на сите граѓани.

Клучно е да се нагласи дека не се менуваат еколошките стандарди, не се укинува обврската за студии за влијание врз животната средина, не се намалуваат механизмите за инспекциски надзор и контрола и не се отвора простор за неконтролирано доделување концесии на приватни субјекти.

Токму спротивно од тврдењата, измените ја зајакнуваат улогата на државата во управувањето со ресурсите од стратешкото значење. Со нив се обезбедува координирано и контролирано користење на ресурсите, понатаму се дава предност на јавниот интерес преку институции под државна контрола и се создава правна рамка за реализација на проекти од стратешко значење, особено во енергетиката.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МИА

Continue Reading

Претходно: Министерот Хоџа од екоакција на Матка: Чистата природа мора да стане наш стандард, а не реткост
Следно: Саботно кафе во Прилеп (25.04.2026)

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани