Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Струга Трим Лум го победи Вардар и се доближи до лидерот Шкендија на само еден бод

Димитар Петковски 02/11/2026 21:06
Struga-1-1536x1161

Струга Трим Лум го победи Вардар со 0-1 во дерби натпреварот од 12.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Марјан Радески во 31.минута, на асистенција на Папе Фал. По овој триумф, Струга Трим Лум се доближи до лидерот Шкендија на само еден бод негатива и се наоѓа на второто место, додека Вардар е на четвртата позиција со 21 бод.

Вардарци на почетокот тргнаа офанзивно и Закариќ беше фаулиран во шеснаесетникот, по што беше досуден и пенал. Сепак, по интервенција од ВАР собата одлуката беше отповикана, затоа што напаѓачот на Вардар се наоѓал во офсајд позиција. Потоа Струга Трим Лум дојде до свои моменти. Исмајли во 25.минута ја погоди стативата, а шест минути подоцна гостите дојдоа и до водство.

Фал од левата страна испрати центаршут на вториот дирек, а Марјан Радески умешно успеа да погоди на вистинското место за предност од 0-1, со која замина и на пауза.

Во 50.минута, Омерагиќ шутираше со глава, но крај голот, а пет минути подоцна Вардар ја имаше најдобрата шанса. Маневски нафрли од левата страна, Данев ја зафати топката со волеј-удар, но голманот на Струга Трим Лум, Васко Василев, успеа да одбрани со интервенција речиси на гол-линијата.

Во 63.минута, Исмајли имаше можност да удвои предноста на гостите, излезе сам пред голманот на Вардар, но Давод Талески го скрати аголот и одбрани. Во последните триесетина минути, стружани се определија да го бранат минималното водство, а Вардар иако имаше иницијатива не успеа да стигне до израмнување. Се обидуваа Омерагиќ, Пиреш, Данев, но без посериозен ефект.

Во завршницата, во судиското продолжение, Струга Трим Лум остана и со фудбалер помалку, но успеа да стигне до големи три бода во дербито со Вардар.

ФОТО ФФМ

Continue Reading

Претходно: Башкими ја прекина серијата од три натпревари без победа, совладувајќи го Арсими
Следно: Министерот Мисајловски ќе информира за покачувањето на платите во Армијата и одбраната

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани