Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Стручна дебата во Битола: Потребни се законски измени за безбедно возење тротинети

Шеталиште 11/05/2026 11:24
large (21)

Од анализирани 1.320 возачи на електрични тротинети, само 7 проценти ги запазиле сите безбедносни норми, а останатите 93 отстоо постапувале спротивно на законските обврски. Често се забележуваат деца од 10 до 12 години кои управуваат електрични тротинети, а тоа не смеат да го прават бидејќи законскиот минимум за возраст е 14 години, констатираа експерти по сообраќај на денешната јавна дебата што се одржи на Техничкиот факултет во Битола.

Според професорот од Сообраќајниот отсек на Техничкиот факултет во Битола, д-р Зоран Јошевски, потребни се законски измени и едукација на децата и родителите за правилно и безбедно возење елетричен тротинет.

-Во Република Македонија скоро секој град се соочува со проблеми во сообраќајната инфраструктура и недоволна покриеност на уличната мрежа со велосипедски патеки по кои што ќе може да се движат и возачите на електрични тротинети. Во отсуство на вакви патеки, возачите на тротинети може да се движат по пешачки патеки и тротоари за пешаци но со ограничена брзина од 6 километри на час, а тие пак се почесто се движат и на коловоз заедно со останатиот моторен сообраќај, и тоа е голема опасност. Нивното на едукација е многу ниско и тоа важи за децата што управуваат тротинети, но и за нивните родители. Често се забележуваат деца од 10 до 12 години кои управуваат електрични тротинети, а тоа не смеат да го прават бидејќи законскиот минимум за возраст е 14 години. Мал дел од возачите на електрични тротинети носат заштитен шлем или според нашите истражувања над 20 проценти носеле шлем, потоа помалку од 40 проценти од возачите на тротинет во ноќни услови се осветлени со банална причина заштеда на батерија за возење и исто така скоро никој од возачите на тротинет не носи рефлектирачки елек, истакна Јошевски.

Во изјава за медиумите, професорот Јошевски нагласи дека потребни се законски измени и дополнувања кои ќе придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-Сакам да апелирам до родителите да не ги перцепираат тротинетите како играчка за своите деца, бидејќи тие се возила што учествуваат во сообраќајот со сите ризици во сообраќајот. Локалните самоуправи да работаат на подобрување на инфраструктурата, потребни се нови форми на урбана мобилност, едукација на корисниците на тротинети и допрецизирање на законската регулатива. Во нашата држава парадокс е фактот дека електричните тротинети може да се движат со брзина не поголема од 25 километри на час, а ние како држава дозволуваме увоз на електрични тротинети кои може да развијат и до 100 километри на час и тоа е недозволиво бидејќи тие тротинети ги забележуваме во сообраќајот. Потребно е рече Јошевски, да се подигне возрасната граница за тоа кој се може да користи тротинет и со каква моќност.

На јавната дебата во Битола, од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата соопштија дека во 2025 година вкупниот број на сообраќајни незгоди на територијата на Република Македонија каде учесници се тротинети има 147, во една сообраќајна незгода едно лице возач на тротинет го загубил животот, 32 учесниците се со тешки телесни повреди, 112 со лесни телесни повреди и 2 сообраќајни незгоди се со предизвикана материјална штета. Во првото тромесечие од 2026 година се случиле 12 сообраќајни незгоди со учесниците на електрични тротинети.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари
Следно: Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
fk-pelister-tim-foto-1536x1047
  • Вести
  • Битола инфо
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер почнува со Камјани и завршува со Тетекс во првиот дел од ВМФЛ во сезона 2026/2027

Димитар Петковски 12/06/2026 13:37
reka-dragor-bitola
  • Битола инфо

Безживотно тело на 66 – годишен битолчанец извлечено од реката Драгор во Битола

Шеталиште 09/06/2026 11:56
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани