Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Студенти од УКЛО на летна пракса во Општина Битола и јавните претпријатија

Шеталиште 12/06/2025 14:10
IMG_9873-1024x683

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес им посака успешна работа на 44 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, избрани на јавниот повик за универзитетска летна пракса, објавен од Општина Битола во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО.

Овој проект, која се реализира по трет пат, годинава привлече најголем интерес досега, со рекорден број на избрани практиканти.

Летната пракса ќе се одвива во одделенијата на Општината и во јавните претпријатија, во текот на месеците јули, август и септември. За време на праксата, секој студент ќе има можност да работи еден месец и за тоа ќе добива месечен нето надоместок од 10.000 денари, обезбеден од буџетот на Општина Битола.

Целта на оваа иницијатива е стекнување практични вештини и искуство во реалниот сектор, што ќе им биде од значење на студентите во нивниот понатамошен професионален развој.

Градоначалникот Коњановски им се заблагодари на студентите за покажаниот интерес и им посака успешна работа, нагласувајќи дека со своето ангажирање тие не само што ќе придонесат кон работата на институциите, туку и ќе добијат вредни практични знаења.

„Преку директно вклучување во работните процеси, студентите ќе имаат можност полесно да го применат теоретското знаење, но и да се соочат со реалните предизвици што произлегуваат од реализацијата на проекти и административни активности. Со воведувањето на универзитетската летна пракса, правиме значаен чекор напред – им даваме шанса на младите да бидат активни чинители во планирањето и спроведувањето на иницијативи. Ова не само што носи нови идеи и свежа енергија, туку создава и простор за напредок и заедничко градење на подобра иднина. Верувам дека токму преку знаењето, посветеноста и ентузијазмот на студентите, можеме заедно да придонесеме Битола да стане уште поубаво и попривлечно место за живеење. Ви посакувам многу успех во работата“, рече градоначалникот Тони Коњановски, во своето обраќање пред студентите.

Општина Битола

Continue Reading

Претходно: Марина Цветановска Мартиновска со изложбата „Празни Не(д)остатоци“ во Белград
Следно: КС Групацијата со нова донација во пресрет на уписите!

Поврзани вести

1786009475491-0608-мкд - ундер 16-тимска
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

Димитар Петковски 06/08/2026 14:05
Screenshot 2026-08-04 171634
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Ѓорческа со само два гема освоени против Ковацкова го предаде мечот на турнирот во Лајпциг

Димитар Петковски 06/08/2026 13:53
sobir-mazi-007-photo-vangel-tanurovski-1024x701
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскaта одбојкарска “чета” ги започнаа подготовките за Европското првенство 2026 во Крушево (Фото)

Димитар Петковски 05/08/2026 14:51
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо) 1786009475491-0608-мкд - ундер 16-тимска 1
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

06/08/2026 14:05
Ѓорческа со само два гема освоени против Ковацкова го предаде мечот на турнирот во Лајпциг Screenshot 2026-08-04 171634 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Ѓорческа со само два гема освоени против Ковацкова го предаде мечот на турнирот во Лајпциг

06/08/2026 13:53
Сточари од Прилепскиот регион користеле ушни маркички од пцовисани крави за да земат субвенции, вели министерот Серафимовски vfagdgdgdgqa 3
  • Македонија

Сточари од Прилепскиот регион користеле ушни маркички од пцовисани крави за да земат субвенции, вели министерот Серафимовски

06/08/2026 10:47
Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија mickoskivlada-696x462 4
  • Македонија

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија

06/08/2026 10:44
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита 20260806111313_big_730x400_83 5
  • Економија

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

06/08/2026 10:43

Можеби сте пропуштиле

1786009475491-0608-мкд - ундер 16-тимска
  • Вести
  • Балкан
  • Кошарка
  • Спорт

Македонските кадети против Кипар сакаат победнички да го отворат европскиот собир (Линк за живо)

Димитар Петковски 06/08/2026 14:05
Screenshot 2026-08-04 171634
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Ѓорческа со само два гема освоени против Ковацкова го предаде мечот на турнирот во Лајпциг

Димитар Петковски 06/08/2026 13:53
7eb0cf77cc15d1e1
  • Промо

Уживајте во летото со комплетно подготвено возило

Шеталиште 06/08/2026 13:49
824-1-1024x724
  • Култура
  • Настани

Концерт „Grandi Duetti Soprano-Tenore“

Шеталиште 06/08/2026 11:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани