Членката на Централниот одбор на Либерално-Демократската партија (ЛДП), Симона Тодорчевска, изрази задоволство што предлогот за субвенциониран студентски оброк, кој произлезе од ЛДП, денес е реалност што ја користат илјадници студенти низ Македонија.
„Ова е првпат во историјата на државата секој студент да добива надоместок за еден оброк дневно. Законот за субвенциониран оброк е наша иницијатива и доби поддршка од сите партии во парламентот“, изјави Тодорчевска.
Таа додаде дека полемиките за висината на надоместокот од 140 денари биле само обид за евтин политички поен, нарекувајќи ги „гол популизам“ од страна на одредени политички чинители.
„Секогаш сме чекор пред другите со нашите идеи, а ова е уште една потврда дека либерално-демократските политики се насочени кон реални решенија за младите. Горди сме што студентите денес го користат токму овој наш предлог“, истакна Тодорчевска.

